Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ, Мендух Тачи и Арифхикмет Џемаили од ДПА и Самка Ибраимовски од ПЦЕР се појавија на распит во СЈО вчера во рок од само два часа, со што почна реализацијата на најавата на специјалната обвинителка Катица Јанева дека периодов ќе има зголемена фреквенција на лица во нејзиното Обвинителство.
За Бонева, која е член на Државната изборна комисија, Тачи и за Ибраимовски се верува дека се викнати на распит како сведоци за изборни нерегуларности. Од СЈО не откриваат детали, бидејќи се работи за предистражни постапки.
Арифхикмет Џемаили е поранешен министер за култура во периодот 2007-08, кога на власт беше коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ДПА и период во кој беа удрени темелите на проектот „Скопје 2014“.
Минатата недела на распит во СЈО се појавија градоначаникот на општина Центар Андреј Жерновски, Тони Јакимовски, шеф на кабинет на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и второосомничен меѓу петте во случајот „Тврдина“, како и Гордана Јанкуловска, поранешна министерка за внатрешни работи и третоосомничена во истиот случај.
НАЈАВАТА ЗА ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА ВО СЈО СЕ РЕАЛИЗИРА, ПОЛИТИЧАРИ СЕ РЕДАТ КАЈ КАТИЦА ЈАНЕВА
a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)