НАЈМНОГУ КОВИД ВАКЦИНИРАНИ ИМА ВО КАВАДАРЦИ И ОХРИД, А НАЈМАЛКУ ВО КИЧЕВО И ТЕТОВО

    НАЈМНОГУ КОВИД ВАКЦИНИРАНИ ИМА ВО КАВАДАРЦИ И ОХРИД, А НАЈМАЛКУ ВО КИЧЕВО И ТЕТОВОВо Скопје процентот на вакцинација е 30,8 отсто. (Фото: К. Попов)

    Во Кавадарци 43,5 отсто од населението е вакцинирано против ковид-19 и е град со најголема стапка на вакцинација. Веднаш зад него е Охрид со 42,9 отсто вакцинирано население. Најмалку вакцинирани има во Кичево 15,8 отсто, како и во Тетово 17,1 и Дебар 17,3 проценти. Во Скопје процентот на вакцинација е 30,8 отсто, а вкупно во државата барем една доза вакцина досега примиле 27,5% од граѓаните.

    Состојбата на вакцинирани граѓани во останатите градови е следна: Ресен 39,8%; Битола 38, 9%; Неготино 38%; Штип 37,2%: Пехчево 36%; Велес 31%; Демир Хисар 30,9%; Берово 30,9%; Скопје 30,8%; Валандово 30,6%; Прилеп 30,3%; Пробиштип 29,7%; Крушево 28,3%; Koчани 25,3%; Свети Николе 25,2%; Делчево 24,9%; Виница 24,5%;Крива Паланка 23,9%; Радовиш 23,2%; Струга 23,1%;  Куманово 21,2%; Струмица 19,4%; Кратово 18,9%; Македонски Брод 18,2% и  Гостивар 17,8%;

    Министерот за здравство Венко Филипче денеска апелираше до граѓаните да се вакцинираат, за ако дојдат во контакт со вирусот да не дојде до хоспитализација и смртни последици.

    „Не можеме сите да страдаме, ако некој не се вакцинира. Помалку од 500 илјади граѓани се вакцинирани, а далеку сме од бројката на колективен имунитет, за кој е потребно 80 отсто од населението. Доколку се соочиме со нов бран, размислуваме за некакви нови органичување, од септември, можеби октомври“, кажа Филипче.

    Тој минатата недела најави дека се планира да се воведат рестрикции, како на пример, да се бара сертификат за примена вакцина за влез во кино сали или други јавни места.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира