НАПАД СО КУНДАК И ОСТАВЕН КУРШУМ ВО АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ, СЕЛА И ТАРАВАРИ ВО СУДИР ЗА САМОСТОЕН НАСТАП НА ИЗБОРИТЕ ИЛИ ЗА КОАЛИЦИРАЊЕ СО АЛБАНСКАТА ОПОЗИЦИЈА

    НАПАД СО КУНДАК И ОСТАВЕН КУРШУМ ВО АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ, СЕЛА И ТАРАВАРИ ВО СУДИР ЗА САМОСТОЕН НАСТАП НА ИЗБОРИТЕ ИЛИ ЗА КОАЛИЦИРАЊЕ СО АЛБАНСКАТА ОПОЗИЦИЈАДиректорот на Агенцијата за управување со одземен имот Дритон Небиу со сопартијците, по нападот со додека вечерал. (Фото: Фејсбук)

    По нападот на директорот за управување со одземен имот Дритон Небиу, близок до Зијадин Села, со кундак, стигна закана кај лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари, кому оставен му е куршум пред вратата.

    Зијадин Села е основач и долгогодишен лидер на Алијанса, а Таравари е актуелен лидер. Првиот е за самостоен настап на изборите, Таравари е за настап со албанската опозиција.

    Небиу, близок до Села, вчера во ресторан во Тетово за време на нападот вечерал со својата фамилија и пријатели. Од две лица физички бил нападнат со кундак од пушка.

    Денеска, пак, пред својот дом градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари и лидер на Алијанса нашол куршум.

    Според МВР, пријавата во СВР Тетово дошла 9.30 часот. Најденото зрно било оставено на влезната врата на куѓата на Таравари. Куршумот бил од автоматско оружје калибар 7, 62 милиметри.

    Полицијата извршила увид, куршумот е на вештачење.

    Таравари претходно објави дека Алијанса треба да се приклучи на опозицискиот блок, што е контра изјавата на Села дека не се согласува сотаквиот став и кажа дека в сабота на седница на партијата ќе побара одговорност од претседателот.

    Но и Таравари кажува дека од 133 членови на Собранието, собрал 80 потписи за коалицирање со албанската опозиција.

    Генерално пак, Алијанса е скарана со албанската опозиција, која си го бара местото во ДИК откако Кренар Лога стана министер и отиде во власта, а Алијанса не го дава. Не е јасно која Алијанса не го дава, дали таа на Села или оваа на Таравари.

    МВР ги расчистува двата пријавени случаја.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира