НАПАЃАЧ Ѝ БАЦУВА РАКА НА МИНИСТЕРКАТА БЕТИ ПРИ УПАДОТ ВО СОБРАНИЕТО

НАПАЃАЧ Ѝ БАЦУВА РАКА НА МИНИСТЕРКАТА БЕТИ ПРИ УПАДОТ ВО СОБРАНИЕТОНа видеото се гледа како министерката и пратеничка Елизабета Канческа-Милевска се поздравуваше и прегрнуваше со напаѓачите во пленарната сала додека траеше нападот на пратеници и новинари во СОбранието. (Фото: Фејсбук/принтскрин)

Пратеникот од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Димовски објави ново видео од нападот во Собранието, на кое се гледа и министерката за култура и пратеничка Елизабета Канческа-Милевска како се поздравува и прегрнува со насилниците во пленарната сала, а еден од нив ѝ бацува рака.

Министерката Канческа-Милевска се прегрнува со еден од напаѓачите во Собранието со фантомка на главата, се гледа на видеото што го објави пратеникот Димовски. (Фото: Фејсбук/принтскрин)

Многумина од демонстрантите, како и од организаторите на „За заедничка Македонија“, кои упаднаа во Собранието во четвртокот се културни работници, вработени или хонорарци во институции под надлежност на Министерството за култура. Актерите Владо Јовановски и Васил Зафирчев, управникот на МОБ Игор Дурловски и националниот уметник Елена Мисиркова се дел од нив.

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира