Кумановската полиција утринава го уапси Игор Југ, еден од учесниците во нападот во Собранието на 27 април, потврди МВР. 47-годишниот Југ е уапсен по наредба на Основното јавно обвинителство Скопје поради основано сомневање за сторено кривично дело Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие во врска со настаните од 27 април. Тој беше баран од МВР и за кривично дело Учество во толпа што ќе изврши кривично дело, како и за кривично дело Разбојништво.
Српскиот разузнавач Горан Живаљевиќ во интервју за српска телевизија на 11 септември кажа дека според некои информации, Игор Југ, човекот со шаховница на маицата на фотографиите од насилството на 27 април, требало да го убие Зоран Заев.