НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВЕЛИ ДЕКА НИ ВО РЕБАЛАНСОТ НЕМА ПАРИ ЗА ПОМОЌНА ЗАШТИТА НА ГРАЃАНИТЕ

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВЕЛИ ДЕКА НИ ВО РЕБАЛАНСОТ НЕМА ПАРИ ЗА ПОМОЌНА ЗАШТИТА НА ГРАЃАНИТЕ„Зошто во оваа институција која ги штити правата на граѓаните не се вработуваат уште луѓе, кога тоа е утврдено со Законот за Народниот правобранител? Како пратеници утврдивте дека треба да се зголеми буџетот за плати на Народниот правобранител за 4 милиони денари. Тие пари ги немаше ниту во Буџетот, а ги нема ни во ребалансот“, рече Омбудсманот Иџет Мемети во Собрание (Фото: СДК.МК)

    Со ребалансот на Буџетот уште повеќе ја ослабувате функцијата Народен правобранител, рече Омбудсманот Иџет Мемети на почетокот на расправата за измените и дополнувањата на Буџетот, пред собраниската Комисија за финансирање и буџет. Тој говореше веднаш по образложението на ребалансот на министерот за финансии Драган Тевдовски, апострофирајќи дека и тоа покажува за колку важна институција се работи.

    „Зошто во оваа институција која ги штити правата на граѓаните не се вработуваат уште луѓе, кога тоа е утврдено со Законот за Народниот правобранител? Како пратеници утврдивте дека треба да се зголеми буџетот за плати на Народниот правобранител за 4 милиони денари. Тие пари ги немаше ниту во Буџетот, а ги нема ни во ребалансот. Дополнително, уште 5,8 милиони денари кои ги има на сметката на Народниот правобранител нема да се потрошат, затоа што нема одобрение за нови вработувања“, образложи Мемети.

    Иако Народниот правобранител има со Законот утврдена независност, Мемети се пожали на неусогласеност на регулативата зашто Законот за извршување на Буџетот не му дозволува фактичка независност.

    „Без дополнителни вработувања ограничени се можностите за делување на институцијата“, рече Мемети.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира