НАСЕР НУРЕДИНИ НОВ МИНИСТЕР ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА, САДУЛА ДУРАКИ ОДИ ВО НОВОТО МИНИСТЕРСТВО ЗА ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ

    НАСЕР НУРЕДИНИ НОВ МИНИСТЕР ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА, САДУЛА ДУРАКИ ОДИ ВО НОВОТО МИНИСТЕРСТВО ЗА ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМПремиерот Зоран Заев денеска ги објави имињата на новите министри кои се опфатени со реконструкцијата на Владата. Списокот со новите министри денеска ќе биде доставен до Собранието, по што се очекува предлогот да биде ставен на усвојување на собраниска седница во текот на следната недела. - Заев на денешниот настан за отворање на втората фаза од системот за наводнување Јужно-Вардарска Долина во Валандово (Фото: СДК.МК)

    Насер Нуредини ќе биде нов министер за животна средина. Нуредини е инвестициски банкар и финансиски советник за банкарство во Лондон и во Виена. Досегашниот министер за животна средина Садула Дураки ќе биде на чело на новото министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

    Премиерот Зоран Заев денеска ги објави имињата на новите министри кои се опфатени со реконструкцијата на Владата. Списокот со новите министри денеска ќе биде доставен до Собранието, по што се очекува предлогот да биде ставен на усвојување на собраниска седница во текот на следната недела.

    Во министерството за земјоделство на местото на Љупчо Николовски доаѓа Трајан Димковски кој досега беше шеф на кабинет на Николовски. Нов министер за локална самоуправа е Горан Милевски од ЛДП, а за култура Хусни Исмаили.

    Разрешени се и вицепремиерот за спроведување на рамковниот договор Хазби Лика и министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима Зоран Шапуриќ.

    Заев кажа дека покрај премиерската функција ќе го преземе и раководењето на министерството за финансии и не ја исклучи можноста да биде менаџер на државната каса до средните парламентарни избори.

    „Оваа одлука ја донесов заради тоа што оваа година ќе биде година за економијата. Тевдовски ќе работи околу мене, како советник. Следуваат храбри одлуки од кои бенефит ќе имаат сите граѓани“, рече Заев.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира