НАШИТЕ ВЛАДИ НЕМААТ НИШТО ПРОТИВ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, ЈАВНОСТА Е СКЕПТИЧНА, ВЕЛИ ФРАНЦУСКИОТ АМБАСАДОР ТИМОНИЕ

    НАШИТЕ ВЛАДИ НЕМААТ НИШТО ПРОТИВ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, ЈАВНОСТА Е СКЕПТИЧНА, ВЕЛИ ФРАНЦУСКИОТ АМБАСАДОР ТИМОНИЕФранцускиот амбасадор Кристијан Тимоние денеска имаше средби со градоначалникот на Велес Аце Коцевски и со претставници на ограноците на политичките партии кои работат во градот. (Фото: СДК.МК)

    Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние денеска во Велес побара успешни претседателски избори, кои ќе ги тргнат сомнежите кај Европската јавност за капацитетите на земјава. Тој кажа дека владите на земјите членки веруваат во македонската Влада, но кај дел од тамошната јавност е присутна недоверба.

    „Успешни претседателски избори се многу важна работа, без манипулации и злонамерна волја. Со тоа ќе се сврти страницата од 27 април. Тоа ќе создаде убедувањето кај европските земји дека земјата е зрела да забрза по европскиот пат. Скептицизмот кој би можел да постои не доаѓа од нашите влади, тие немаат ништо против Северна Македонија, напротив. Скептицизмот постои кај нашето јавно мислење, затоа што тоа за овој регион има претстава дека тој повеќе испорачува проблеми отколку решенија. Договорот од Преспа е спротивен сигнал. Вашиот пат кон ЕУ не е воопшто е лесен, има голем број услови, кои се добри за вас. Сакаме да ве придружуваме на тој пат, а не да поставувавме пречки, да помогнеме чекор по чекор да напредувате. Потребно е изгласување на одреден број закони во Собранието и нетрпеливо очекуваме тие да бидат изгласани. Но, и тие закони изгласани од пред некој месец дека се спроведуваат. Вие сте на добар пат, но треба да се забрза“, рече Тимоние.

    Тој имаше средби со градоначалникот на Велес Аце Коцевски и со претставници на ограноците на политичките партии кои работат во градот.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира