НАСКОРО ЌЕ ПОЧУВСТВУВАТЕ ДЕКА ЕУ Е СО ВАС, РЕЧЕ ГЕРМАНСКИОТ ДРЖАВЕН МИНИСТЕР МИХАИЛ РОТ

    НАСКОРО ЌЕ ПОЧУВСТВУВАТЕ ДЕКА ЕУ Е СО ВАС, РЕЧЕ ГЕРМАНСКИОТ ДРЖАВЕН МИНИСТЕР МИХАИЛ РОТРот кажа дека наредните неколку денови земјите членки ќе дискутираат Северна Македонија да добие датум за почетокот на пристипните преговори.(Фото: МИА)

    Се надевам наскоро ќе почувствувате дека Европската унија е со вас, кажа германскиот државен министер за Европа Михаел Рот, по виртуелната работна средба со министерот Никола Димитров.

    Рот кажа дека наредните неколку денови земјите членки ќе дискутираат Северна Македонија да добие датум за почетокот на пристапните преговори.

    „Сè уште се водат разговори со членови на Европскиот совет. Јас сум оптимист дека ќе ни успее Северна Македонија да добие зелено светло. Ве замолувам за уште малку трпение и наскоро ќе почувствувате дека ЕУ во овие драматични времиња е со вас“, кажа Рот.

    Министерот Никола Димитров кажа дека сите европски земји имаат воведено мерки, затворени се граници и затоа е потреба соработка за непречено движење на стоки и лекови. Димитров побара помош од ЕУ фондови за земјава да се справи со последиците од коронавирусот.

    На новинарско прашање дали земјава може да очекува помош од ЕУ преку ИПА фондовите, Рот одговори дека обврска на Европската унија е да има стабилност и подобрување на состојбата на Западен Балкан.

    „Преговараме да бидат дадени средства за да се подобри состојбата во Северна Македонија. Сега во фокус е состојбата со коронавирусот. Се надевам дека и во ЕУ ќе ни успее да и помогнеме на вашата држава и колку што може да се преброди оваа состојба“, рече Рот.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира