НАСТАНИТЕ ВО ОВАА ЗГРАДА ОД 27 АПРИЛ ГО ШОКИРАА НАТО, НО ИМПРЕСИОНИРАНИ СМЕ ОД НАПРЕДОКОТ ШТО ГО ПОСТИГНАВТЕ, КАЖА СТОЛТЕНБЕРГ ВО СОБРАНИЕТО

    НАСТАНИТЕ ВО ОВАА ЗГРАДА ОД 27 АПРИЛ ГО ШОКИРАА НАТО, НО ИМПРЕСИОНИРАНИ СМЕ ОД НАПРЕДОКОТ ШТО ГО ПОСТИГНАВТЕ, КАЖА СТОЛТЕНБЕРГ ВО СОБРАНИЕТОГенералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја поздрави волјата на Владата за решавање на спорот за името. - Од обраќањето на Столтенберг пред пратениците (Фото: М. Златевска)

    Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг пред пратениците во Собранието ги пофали реформите кои Македонија ги спровела по настаните од 27 април и рече дека вратата за членство во НАТО е отворена за земјава. Столтенберг рече дека бил шокиран од она што на 27 април се случувало во Собранието.

    „Настаните во оваа зграда ме шокираа мене, беа шок за сите членки на НАТО. Но, бевме импресионирани од тој ден натаму, од напредокот што го постигнавте. Земјите членки се импресионирани и од вашата желба да станете членка на НАТО. Сакаме да успеете, но има уште работа како што е прашањето за името. Ова е прашање кое му тежи на овој регион и на оваа земја предолго време. Оттаму ја поздравувам волјата на вашата влада да го реши ова прашање. Ве поттикнувам да ја искористите оваа шанса“, рече Столтенберг.

    Тој ја поздрави волјата на Владата за решавање на спорот за името, реформите кои ги реализира Владата, вклучувајќи го спроведувањето на планот 3-6-9 како и усвојувањето на Законот за употреба на јазиците.

    „Се надеваме дека ќе продолжите со реформите кои се однесуваат на спроведување на изборите и во медиумите. Сите ја имате одговорноста, а клучна во целиот процес е опозицијата. Ја поздравувам и суштинската улога која ја игра граѓанското општество. Ви честитам на договорот со Бугарија. Портите на НАТО се отворени за нови членки. Ве поддржуваме колку што можеме. Не го потценувајте предизвикот со кој се соочувате. Во НАТО имате вистински пријател“, рече Столтенберг.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира