НАТО ЈА ПОКАНИ МАКЕДОНИЈА ДА СТАНЕ 30. ЧЛЕНКА

    НАТО ЈА ПОКАНИ МАКЕДОНИЈА ДА СТАНЕ 30. ЧЛЕНКАМинистерот за надворешни работи Никола Димитров на средба со Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг пред денешниот состанок на Северноатлантскиот совет. (Фото: Фејсбук)

    Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг кажа дека 29-те членки на НАТО денеска на Самитот во Брисел се договориле да ја поканат Македонија да почне пристапни преговори за членство во Алијансата.

    „Го поздравивме договорот меѓу Атина и Скопје. Се договоривме да ја поканиме Владата во Скопје да почне пристапни преговори за членство и штом завршат сите национални процедури да се финализира договорот за името, земјата ќе му се приклучи на НАТО како 30. членка“, изјави Столтенберг на прес-конференцијата по состанокот на Северноатлантскиот совет.

    На Самитот во Брисел присуствуваат премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари