НАЦИОНАЛНАТА ОПЕРА И БАЛЕТ ОГРАБЕНА ДВА ПАТИ ЗА ДЕСЕТ ДЕНА, УКРАДЕНА КОМПЈУТЕРСКА ОПРЕМА ВРЕДНА 3.700 ЕВРА

    НАЦИОНАЛНАТА ОПЕРА И БАЛЕТ ОГРАБЕНА ДВА ПАТИ ЗА ДЕСЕТ ДЕНА, УКРАДЕНА КОМПЈУТЕРСКА ОПРЕМА ВРЕДНА 3.700 ЕВРАВо првата кражба од канцелариите на вработените во сметководствo се украдени три компјутери, еден лаптоп и еден хард-диск, а во втората од канцелариите на правната служба еден маус за компјутер и два рутера за интернет (Фото: К. Попов)

    Националната опера и балет (НОБ) два пати била ограбена во изминативе дeсет дена, потврди директорот Васо Ристов за САКАМДАКАЖАМ.МК. Крадецот или крадците влегле преку кровот, од страната на паркингот на НОБ, и упаднале во канцелариите на сметководство и на правната служба на вториот кат.

    Според Финансиската служба во НОБ, првата кражба се случила пред десет денови, а втората пред два дена. Во првата кражба од канцелариите на вработените во сметководство се украдени три компјутери, еден лаптоп и еден хард диск, а во втората од канцелариите на правната служба еден маус за компјутер и два рутера за интернет.

    Кражбите се пријавени во Министерството за внатрешни работи (МВР). Штетата, како што велат од финаниската служба, за првата кражба е проценета на 3.000 евра, а за втората околу 600-700 евра.

    Оттаму додаваат дека во хард дискот има информации за целата финансиска состојба на националната институција, но дека не станува збор за ништо драматично, туку за редовните финансиски активности.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира