НЕ МИ ПАЃА НА ПАМЕТ ДА БЕГАМ, РЕЧЕ ЈАНАКИЕСКИ ЗА БАРАЊЕТО НА СЈО ЗА ПРИТВОР

    НЕ МИ ПАЃА НА ПАМЕТ ДА БЕГАМ, РЕЧЕ ЈАНАКИЕСКИ ЗА БАРАЊЕТО НА СЈО ЗА ПРИТВОРЕксминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески на денешната јавна седница на Апелациониот суд. (Фото: СДК.МК)

    Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, обвинет во „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство за четири кривични дела, на денешната жалбена постапка во Апелациониот суд Скопје ги негираше тврдењата на СЈО дека ја опструирал постапката што ја води.
    „Ветувам ќе доаѓам во судот и не ми паѓа на памет да бегам, ниту влијаам на сведоците“, кажа Јанакиески.

    СЈО останува на барањето за притвор поради несоработка со обвинителството, но и поради тоа што е на висока позиција во ВМРО-ДПМНЕ, каде што се и останатите обвинети членови на злосторничкото здружение.

    Оттаму, смета обвинителот од СЈО Бурим Рустеми, постои опасност за влијание врз сведоците да ги сменат исказите што ги дале во истрагата. Јанакиески е обвинет за злосторничко здружување, злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања, злоупотреба на службената положба и овластувањата и за повреда на слободата на определување на избирачите.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира