НЕ ОЧЕКУВАМ ВМРО-ДПМНЕ ДА ГИ БЛОКИРА УСТАВНИТЕ АМАНДМАНИ, ПОСТАПКАТА ТРЕБА ДА ЗАВРШИ ДО ВТОРАТА ПОЛОВИНА НА ЈАНУАРИ, РЕЧЕ ЗАЕВ

    НЕ ОЧЕКУВАМ ВМРО-ДПМНЕ ДА ГИ БЛОКИРА УСТАВНИТЕ АМАНДМАНИ, ПОСТАПКАТА ТРЕБА ДА ЗАВРШИ ДО ВТОРАТА ПОЛОВИНА НА ЈАНУАРИ, РЕЧЕ ЗАЕВЗаев рече дека вчера добиле конкретни сугестии и имал квалитетен работен состанок со пратениците на новата независна пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ. - Заев на собраниската говорница (Фото: СДК.МК)

    Премиерот Зоран Заев не очекува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира понатамошната постапка на утврдување на нацрт амандманите и очекува целата постапка за промена ан Уставот да заврши во предвидените рокови во Договорот од Преспа.

    „Ако на 5 ноември ги усвоиме нацрт-амандманите и ги доставиме до Собранието, во рок од 30 треба да се закаже седница. Во рамките на 30 дена, ќе се отвори дебатата на Уставната комисија и Законодавно-правната комисија. Вака утврдените рокови се јасно прецизирани во Деловникот и во рамките на тие рокови се водат сите дискусии, па затоа си дозволуваме и да испроектираме датуми, втора половина на месец јануари“, изјави премиерот Зоран Заев по говорот на симпозиумот на тинк тенкови од Кина и земјите од Централна и Источна Европа во МАНУ.

    Заев рече дека вчера добиле конкретни сугестии и имал квалитетен работен состанок со пратениците на новата независна пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

    „Верувам дека денес сугестиите ќе бидат вградени во сите текстови, ќе ги консултираме уште еднаш за тоа што го предлагаат, точно во текст да го видат како тоа изгледа и ако одобрат, продолжуваме со чекорите понатаму. Знаете, консултирана е и грчката страна, не заради тоа што тоа е обврска некоја во Договорот, но во духот на партнерството и пријателството“, рече Заев.

    Тој е оптимист дека ќе стигнат до петок да бидат изготвени конечниот текст на нацртот на уставните амандмани.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира