НЕ ПЛАНИРАМЕ НОВА ЕВРООБВРЗНИЦА, ЌЕ СЕ ЗАДОЛЖУВАМЕ САМО ДОМА, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ ТЕВДОВСКИ

    НЕ ПЛАНИРАМЕ НОВА ЕВРООБВРЗНИЦА, ЌЕ СЕ ЗАДОЛЖУВАМЕ САМО ДОМА, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ ТЕВДОВСКИНасекаде во системот се оставени скриени обврски - министерот Тевдовски на прес конгеренција по повод 100 дена влада. - (Фото:СДК.МК)

    Министерот за финансии Драган Тевдовски даде отчет што сработил за првите сто дена од формирањето на новата влада и тврди дека економијата се придвижува.

    Целта на министерството, според Тевдовски била да се стави ред во јавните трошења, а планираните реформи на системот на јавно финансирање да го  приближат до најдобрите европски практики.

    „Кога прифатив да бидам министер за финансии бев свесен за сериозноста на предизвиците со кои се соочува системот за јавни финансии во Македонија. Македонија беше земја со недоволна буџетска транспарентност и долги години парите на граѓаните се трошеа за непродуктивни фасади  и луксуз на носителите на власта, а јавниот долг беше зголемен тројно од 1,6 милијарди евра во 2008 година на 4,7 милијарди во 2016 година што создаде огромни долгови за враќање. Насекаде во системот  беа оставени скриени обврски“, рече Тевдовски.

    „Министерството за финансии беше конзервативна институција, за проекцијата на економскиот раст. Нашите очекувања се, бидејќи секојдневно го следиме тоа полнење на данокот на додадена вредност ( ДДВ) кое покажува што се случува пред се со потрошувачката. Тоа е на задоволително ниво. Второ, многу важно е дека имаме стабилност, извозот кој што е многу важен за економската активност е стабилен. Очекуваме сите овие активности на новата Влада да произведат економски раст“, рече Драган Тевдовски, на денешната прес-конференција.

    Министерот Тевдовски рече дека до крајот на годинава не е планирано да се издаде еврообврзница, а Буџетот ќе се финансира од домашното задолжување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира