НЕ ПРАВЕТЕ МИНИ СВАДБИ ОД СЛАВИТЕ ПА ДА ИЗЛЕЗЕ КОВИДКЛАСТЕР, АПЕЛИРА Д-Р КАРАЏОВСКИ

    НЕ ПРАВЕТЕ МИНИ СВАДБИ ОД СЛАВИТЕ ПА ДА ИЗЛЕЗЕ КОВИДКЛАСТЕР, АПЕЛИРА Д-Р КАРАЏОВСКИ„Прославата на Нова година може да биде каде било во државата, сѐ додека се почитуваат мерките“, вели д-р Жарко Караџовски. (Фото: К. Попов)

    Претседателот на Комисијата за заразни болести, епидемиологот д-р Жарко Караџовски вели не е важно во кој дел од државата ќе се слават новогодишните и верските празници, сѐ додека се почитуваат мерките за заштита од ковид-19.

    На денешната прес-конференција во Владата, премиерот Зоран Заев, во присуство на министерот за здравство Венко Филипче и заменик-министерот Илир Хасани, како и д-р Караџовски, кажа дека Владата ги прифатила предлозите на Комисијата, и од 18 декември од 21 јануари кафулињата и рестораните ќе работат до 18 часот, исто како и рестораните во хотелите. Станува збор за мерка „Празнувај одговорно“, според која се препорачува да нема групирање во станови за престојните празници, и се забранува групирање по плоштади за дочек и прослава на Новата година како и секаков вид собири во периодот на празниците.

    На новинарско прашање, како ќе коментира тоа што во места како Берово и Маврово речиси и да нема слободни места за новогодишните празници, како и тоа дека се организираат туристички патувања надвор од земјава, Караџовски рече:

    „Зборуваме за фамилијарна прослава. Дали ќе биде во Берово или Маврово, ние не можеме да ограничуваме кој каде ќе слави, патувањата не се лимитирани. Прославата на Нова година може да биде каде било во државата, сѐ додека се почитуваат мерките, во смисла на тоа дека лицата претходно ги почитувале мерките, како носење маски и одржување дистанца“.

    Епидемиологот кажа дека не е добро да се групира поголема маса на луѓе во хотели, ресторани каде народот се опушта.

    „Отсекогаш било така, дали е оро, танц, по неколку пијачки, концентрацијата ќе опадне и после хотел или ресторан, забавата продолжува дома. Ние сме свесни дека и за време на прославувањето на славите може да се соберат, па да се направи и мини свадба со позитивна енергија, но може да излезе кластер од таа прослава. Да не дозволиме да ја расипеме оваа состојба, која е стабилизирана, но сѐ со широко распространета инфекција. Р-0 факторот на преносливот на вирусот по подолго време е под 1, да не го кренеме“, апелираше д-р Караџовски.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира