НЕ РЕЗЕРВИРАЈТЕ АВИОНСКИ КАРТИ, НЕ ЗНАЕМЕ КОГА ЌЕ СЕ ОТВОРАТ АЕРОДРОМИТЕ, ВЕЛИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ

    НЕ РЕЗЕРВИРАЈТЕ АВИОНСКИ КАРТИ, НЕ ЗНАЕМЕ КОГА ЌЕ СЕ ОТВОРАТ АЕРОДРОМИТЕ, ВЕЛИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИДо носење на нова владина одлука, двата еародроми ќе останат затворени за редовен сообраѓај, а ќе летаат авиони само за државни, воени, болнички, хуманитарни и намени без патници. - Авион на Скопскиот аеродром (Фото: СДК.МК)

    Уште е на сила владината одлука за затворање на аеродромите, па не резервирајте авионски карти, ги потсетува граѓаните Министерството за транспорт и врски.

    „Би сакале да објасниме во однос на информациите што се објавуваат во дел од медиумите за конкретни датуми за воспоставување на авионските линии преку авиопревозниците што оперираат од ‘Меѓународниот аеродром Скопје’ и аеродромот ‘Св. Апостол Павле во Охрид’, дека на сила сè уште важи Одлуката за затворање на двата аеродрома”, соопшти Министерството.

    Тоа значи дека сè додека не се донесе друга Одлука, аеродромите ќе бидат затворени за превоз на патници, а авионскиот сообраќај ќе е запрен. Оваа одлука не се однесува за државни, воени, болнички, хуманитарни и карго летови без патници, потенцира Министерството за транспорт.

    „Со оглед на настанатата состојба со вирусот КОВИД-19, во овој момент не може да се предвиди кога повторно ќе се воспостави и нормализира авионскиот сообраќај за превоз на патници. Се до донесување на нова Одлука од страна на Владата на Република Северна Македонија, апелираме до сите граѓани да се воздржат од резервaции на билети, се со цел дополнително да не се изложуваат на финансиски трошоци“, се вели во соопштението.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира