НЕ СЕ КАРАЈТЕ, НЕРВОЗАТА Е ЛОШ СОВЕТНИК, ГИ СМИРУВАШЕ МИЈАЛКОВ ОБВИНИТЕЛИТЕ ОД СЈО И НЕГОВИОТ АДВОКАТ ВО „ТВРДИНА-ТАРГЕТ“

    НЕ СЕ КАРАЈТЕ, НЕРВОЗАТА Е ЛОШ СОВЕТНИК, ГИ СМИРУВАШЕ МИЈАЛКОВ ОБВИНИТЕЛИТЕ ОД СЈО И НЕГОВИОТ АДВОКАТ ВО „ТВРДИНА-ТАРГЕТ“Обвинетиот за злосторничко здружување за масовното нелегално прислушување Сашо Мијалков ги смируваше обвинителката од СЈО Ленче Ристоска и неговиот адвокат Петар Василев, кои влегоа во вербална расправија околу правото за приговор на воведен говор на обвинител (Фото: Ѓ. Личовски)

    „Немојте да се карате, нервозата е лош советник“, ги смируваше обвинетиот за злосторничко здружување за масовното нелегално прислушување Сашо Мијалков обвинителката од СЈО Ленче Ристоска и неговиот адвокат Петар Василев. Тие влегоа во вербална расправија околу правото за приговор на воведен говор на обвинител, за кој Ристоска тврдеше дека во Законот за кривична постапка нема такво нешто.

    По ова, обвинетите во „Тврдина-Таргет“ се изјаснија за вина.

    „Не сум имал намера, волја ни свест дека правам кривично дело“, се изјасни Тони Јакимовски, шеф на кабинетот на Мијалков.

    „Не се чувствувам за виновен“, кратко по него рече Сашо Мијалков.

    За невини се изјаснија и останатите обвинети Надица Николиќ, Владимир Варелов, Марјан Шумуликовски, Силвана Златкова, Васил Исакоски и Валентина Симоновска, сите актуелни вработени во УБК или неодамна пензионирани.

    Следното рочиште е на 13 септември, со сослушување на сведоци на СЈО.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари