НЕ СЕ ПЛАШАМ ДА ДАДАМ ОДГОВОРИ, БИДЕЈЌИ ИМАМ ПОДДРШКА ОД ГРУЕВСКИ, КАЖА ЈАНЕВА ПРЕД СОБРАНИСКАТА КОМИСИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НЕ СЕ ПЛАШАМ ДА ДАДАМ ОДГОВОРИ, БИДЕЈЌИ ИМАМ ПОДДРШКА ОД ГРУЕВСКИ, КАЖА ЈАНЕВА ПРЕД СОБРАНИСКАТА КОМИСИЈА

    Комисијата за политички систем во собранието почна со разгледувањето на шестмесечниот извештај за работата на СЈО и на годишниот извештај на Јавниот обвинител за 2015 година, кои се на дневен ред на иста седница.

    Специјалната обвинителка Катица Јанева излезе на говорницата и кажа дека по 13 години како обвинител, чест и е што првпат денеска во историјата на Република Македонија, таа претставува обвинителство.

    „Не сум видела досега од оваа говорница да се обрати јавен обвинител. Ќе бидам кратка во образложувањето на мојот извештај за да ви оставам повеќе време за ваши прашања“, им се обрати Јанева на членовите на Комисијата за политички систем, кои бурно реагираа, бидејќи рече дека ќе била кратка во образложувањето на извештајот.

    „Не се плашам од тоа да ви дадам одговор на вашите прашања, најмногу поради тоа што ја имам поддршката од поранешниот премиер Никола Груевски“, додаде таа.

    Јанева повторно го повика собранието да ги донесе измените на Законот за заштита на сведоците за да може да ги истражи случаите, почнатите истраги и предистраги и дејствијата поврзани со нелегалното прислушување, за да се дојде, како што рече, до вистината кој прислушувал, во кој период и за какви цели.

    Истовремено, таа го повика собранието да ги имплементира во законски одредби препораките од Венецијанската комисија зашто, како што кажа, најважна е јавноста и вистината кој и на кој начин прислушувал во Македонија, а не личните и партиските интереси.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира