НЕ СЕ ПРИЈАВЕНИ ПОВРЕДЕНИ ИЛИ ИСЧЕЗНАТИ ВО НЕВРЕМЕТО ВО СКОПЈЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НЕ СЕ ПРИЈАВЕНИ ПОВРЕДЕНИ ИЛИ ИСЧЕЗНАТИ ВО НЕВРЕМЕТО ВО СКОПЈЕ

    Од Центарот за управување со кризи за САКАМДАКАЖАМ.МК изјавија дека засега нема информација за повредени или исчезнати граѓани на територијата на Скопје. На бесплатниот телефонски број од 18 часот кога почна невремето во главниот град се регистрирани голем број јавувања на граѓани кои информираат за поплавени домови и заглавени возила на поплавени улици.

    Најмногу поплавени има во општините Кисела Вода, Аеродром и Гази Баба каде што водата од улиците се прелеала преку тротоарите и ги поплавила домовите.

    Излеван е и каналот во населбата Усје.

    Невремето уште трае и граѓаните не престануваат да се јавуваат во Центарот за управување со кризи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари