НЕ СЕ ЗНАЕ КАДЕ ОДАТ ПАРИТЕ ОД ПОМОШТА, САМО СМЕТКАТА НА ЦРВЕН КРСТ ПОД КОНТРОЛА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:461:"Политичкатаразединетостсеотсликаинапомошта.ПокрајЦрвенкрстсепојавијаиконтрацрвеникрстови,анеманиотчетносткадеќезавршатпаритеодграѓанитештогидонираленадузинанаменскисметкинаорганизации,партијатаВМРО-ДПМНЕ,амбасади...

    НЕ СЕ ЗНАЕ КАДЕ ОДАТ ПАРИТЕ ОД ПОМОШТА, САМО СМЕТКАТА НА ЦРВЕН КРСТ ПОД КОНТРОЛА

    За собирање парична помош за поплавените, во земјава и во странство се отврени дузина сметки, но отчет за тоа колку пари се собрани и за што ќе се користат има само за Фондот за солидарност и за телефонската линија 143-400, обете на Црвен крст.
    Од Црвен крст велат дека немаат увид во другите сметки ниту пак имаат најава дека тие пари ќе се слеат во Фондот за солидарност па затоа не знаат ни како ќе се користат.
    Според објавите во медиумите наменски сметки за собирање пари за поплавените отворија партијата ВМРО-ДПМНЕ, Општина Гази Баба, Обединетата македонска дијаспора и амбасадата на Македонија во Лондон. Но, не се знае дали и други организации отвориле сметки за прибирање помош и како ќе ги трошат парите.
    „Ние сме единствени кои секој ден објавуваме извештај за состојбата на сметките. Според последниот извештај од викендов на сметката на Фондот  за солидарност се собрани 20.987.497 денари, а на тефонската линијата 143-400 на која со секој повик од било која мобилна мрежа се донира по 100 денари се собрани 12.636.000 денари. Ова се пари собрани од македонските граѓани и фирми, а отворени се сметки и во странство каде се уште трае прибирањето средства, вели Сузана Тунева-Пауновска, секретар на Црвен крст на Град Скопје.
    Таа предупредува дека се отворени и други сметки за помош и во Македонија и во странство. „За нивната состојба, ниту пак за плановите немаме никакви информации. Ние ги координираме само овие на Црвен крст и оние што ќе најават дека ќе донираат на сметките кои ги отвориме“, вели Тунева – Пауновска.
    Најавена парична помош Црвен крст има од Австрија 500.000 евра, 150.000 евра од ЕУ, 300.000 од Меѓународен Црвен крст и 200.000 евра од Италија.
    Од Црвен крст велат дека немаат увид во другите сметки ниту пак имаат најава дека тие пари ќе се слеат во Фондот за солидарност па затоа не знаат ни како ќе се користат.

    Од Црвен крст велат дека немаат увид во другите сметки ниту пак имаат најава дека тие пари ќе се слеат во Фондот за солидарност па затоа не знаат ни како ќе се користат, – Сузана Тунева-Пауновска, секретар на Црвен крст на Град Скопје. (Фото: СДК.МК)

    „Ние имаме јасен план како ќе се трошат парите што ги собираме. Во тек е процека на штетите, Комисијата оди во секое домаќинство. Списокот што ќе го добиеме од нив ќе биде основа за делење на паричната помош. Тоа се парите што стигнуваат на сместката на Фондот за солидарност, на телефонската линија како и донациите од странство кои ќе ги добиеме за таа намена. Донаторите многу често кога ни префрлаат пари, донацијата на ја наменуваат за храна. Оние што ќе бидат наменети за обнова на куќите, за тоа ќе бидат и употребени“, вели Тунева-Пауновска.
    Таа смета дека многу подобро за поплавените ќе биде ако знаат дека одеднаш може да добијат извесна сума на пари, за да можат да си ја планираат обновата на куќите, место да чекаат ситна помош од различни страни.
    Разединето е и делењето на храната и средствата за хигиена и облеката. Поплавата исфрли на површина Црвен крст контра црвени крстови. Граѓански организации сами се организираат и за собирање и за делење на помош иако собирните пунктови на Црвен крст се отворени и за помошта што стигнува и за волонтери кои сакаат да помогнат.
    „Сите донации што ги добиваме ги препакуваме. Црвен крст има стандарди за делење помош кои мора да бидат задоволени. На секој производ му се проверува рокот на траење и секој оброк се комбинира, а средствата за лична хигиена и за чистење се посебно спакувани. Ние не можеме да си дозволиме лебот на луѓето да им го фрламе од камион, па кој фати, добил“, вели Тунева-Пауновска.
    Од Црвен крст секојдневно на терен се 110 обучени волонтери, но политичките партии се натпреваруваат да кажат кој повеќе партиски волонтери донел кај поплавените.
    Поранешниот премиер Никола Груевски вчера изјави дека 80 отсто од волонтерите се од ВМРО-ДПМНЕ, а не заостануваат со објави за тоа колку помогнале ниту опозициските партии.
    Полтичката криза и разединетост се отслика и на поплавите, велат волонтерите кои осум дена се во Стајковци. Пред два дена жена прво побарала помош, а потоа одбила да ја земе оти во меѓувреме дознала дека волонтерката што и помага е од Шарена револуција.
    Од Црвен крст велат дека токму можноста кој стигне да влезе и да дели помош кај поплавените е една од причините поради кои се јавува револт и кај оние што делат помош и кај оние што примаат помош.
    „Не сме ние тие што може да спречат некого да дели помош. Други луѓе се задолжени за координација. Ние се понудивме да помогнеме и помагаме, а нашите волонтери не прашуваат ниту за политичка определба ниту за верска припадност, тоа можеме да го гарантираме, но за жал работата на терен покажа дека има и такви случаи. Нејасно е зошто многумина што сакаат да донираат не ги носат донациите во Црвен крст, од каде се делат на сите. Ние успеавме да поделиме и храна и облека на 850.000 мигранти, успешно да се спавиме со сите предизвици, а сега се работи за помош на околу 2.000 семејства“, вели Тунева-Пауновска.
    Црвен крст од вчера почна да дели хигиенски пакети во кои има средства за чистење, но и кофи и џогери, покрај стандардните пакети со храна. Се делат од врата на врата, прво во најзагрозените делови, а потоа и кај сите останати.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира