НЕ СОБИРАЈТЕ СЕ ГРУПНО ДА ГО ГЛЕДАТЕ ФУДБАЛСКИОТ НАТПРЕВАР МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И КОСОВО, АПЕЛИРА МВР

    НЕ СОБИРАЈТЕ СЕ ГРУПНО ДА ГО ГЛЕДАТЕ ФУДБАЛСКИОТ НАТПРЕВАР МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И КОСОВО, АПЕЛИРА МВРПолуфиналето од Лигата на нации меѓу Македонија и Косово ќе се одигра утре на арената „Тодор Проески“ без публика; - Пандев и Елмас на натпреварот меѓу Македонија и Латвија одигран во Скопје лани. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Министерството за внатрешни работи (МВР) апелира да нема групно собирање за да се гледа фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Косово. Полуфиналето од Лигата на нации меѓу Македонија и Косово ќе се одигра утре на арената „Тодор Проески“ без публика.

    Од МВР велат дека во пресрет на натпреварот ги презеле сите мерки и активности за гарантирање на безбедноста на фудбалерите и другите учесници од пристигнувањето во Скопје, за време на натпреварот и по одигрување на мечот.

    „Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека се преземени сите потребни мерки за беспрекорна организација и одигрување на фудбалскиот натпревар од полуфиналето од Лигата на нации помеѓу фудбалските репрезентации на Северна Македонија и Косово. Во соработка со здравствените власти се преземени сите потребни мерки за почитување на протоколите за заштита од ширење на ковид-19. Согласно препораките на Државниот здравствен и санитарен инспекторат и Одлуките на Владата, не е дозволено присуство на публика на натпреварот. Апелираме до граѓаните и да не се организира заедничко следење на натпреварот. Само со почитување на протоколите за заштита од ширење на ковид-19 ќе помогнеме за што побрзо нормализирање на состојбата“, велат од МВР.

    Секторите за внатрешни работи, односно Отсекот за превенција, одржаа средби и со навивачките групи и апелираат да се воздржат од инциденти, употреба на говор на омраза или други нарушувања на јавниот ред и мир, затоа што тоа најстрого ќе биде санкционирано.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира