НЕ СУМ ЧУЛ ИЗЈАВА ОД ВМРО-ДПМНЕ ДЕКА АКО УСПЕЕ РЕФЕРЕНДУМОТ ЌЕ ГЛАСААТ ПРОТИВ УСТАВНИ ИЗМЕНИ, РЕЧЕ СПИКЕРОТ ЏАФЕРИ

    НЕ СУМ ЧУЛ ИЗЈАВА ОД ВМРО-ДПМНЕ ДЕКА АКО УСПЕЕ РЕФЕРЕНДУМОТ ЌЕ ГЛАСААТ ПРОТИВ УСТАВНИ ИЗМЕНИ, РЕЧЕ СПИКЕРОТ ЏАФЕРИ„Јас не сум чул таква изјава дека ВМРО-ДПМНЕ ќе прави блокада во Собранието и оти нема да гласа за уставни промени успее а референдумот. Напротив, тие такво нешто не кажале, туку обратно“, вели Џафери; - Собранискиот спикер Талат Џафери на брифинг со новинарите (Фото: СДК.МК)

    Претседателот на Собранието Талат Џафери е оптимист дека ВМРО-ДПМНЕ во Собранието ќе гласа за уставни промени ако има излезност на референдумот за името, ако тој успее и граѓаните се изјаснат за членство на Република Северна Македонија во ЕУ и НАТО.

    „Јас не сум чул таква изјава дека ВМРО-ДПМНЕ ќе прави блокада во Собранието и оти нема да гласа за уставни промени ако на референдумот има цензус, ако е успешен и ако граѓаните се изјаснат позитивно на поставеното прашање. Напротив, тие такво нешто не кажале, туку обратно”, рече Џафери на денешниот брифинг.

    Со оглед на тоа дека над 80 отсто од граѓаните се за евроатлантска интеграција на Македонија, Џафери очекува сите овие граѓани да излезат на 30 септември и да го кажат тоа.

    Пратениците од утрес е на годишен одмор до 20 август, а на 21 државниот празник Курбан бајрам, што значи на работа се на 22 август. Ќе работат до 10 септември, кога почнува кампањата за референдумот.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира