НЕ ТРЕБА ЗА ТОА ПО ТЕЛЕФОН ДА ЗБОРУВАМЕ, НЕ ЗНАЕШ КОЈ СЛУША, МУ ВЕЛИ МИЈАЛКОВ НА ЈАНАКИЕСКИ ВО БОМБИТЕ ЗА „ТИТАНИК“

    НЕ ТРЕБА ЗА ТОА ПО ТЕЛЕФОН ДА ЗБОРУВАМЕ, НЕ ЗНАЕШ КОЈ СЛУША, МУ ВЕЛИ МИЈАЛКОВ НА ЈАНАКИЕСКИ ВО БОМБИТЕ ЗА „ТИТАНИК“Во прислушуван разговор, Јанакиески бара совет со кој механизам да ги отвори пломбираните списоци, а да не се забележи. - Мијалков во судница (Фото: СДК.МК)

    Обвинетиот во „Титаник“ Миле Јанакиески, според бомбите пуштени на судењето денеска, врбува луѓе да ги украдат избирачките списоци од Општина Центар, за да видат кој гласал, а кој не и да ги врбува за вториот круг на локалните во 2013 година.

    Јанакиески му шепоти на соговорник: „Избирачкиот список ќе ми го дадеш?“

    „Не, клуч треба првин да ми дадат“, одговара тивко соговорникот.

    Миле пак му ѕвони.

    „Многу тешко е тоа и со претседателот зборев, зашто се 245 кеси“, му вели соговорникот, а Миле инсистира: „Пробај, те молам“.

    Потоа Миле ѝ кажува на соговорничка дека украле еден список на гласачи од Дебар Маало. Потоа на друг му кажува дека украле уште четири, ама им испаднале неколку.

    Соговорник во бомбите го предупредува дека тоа е кривично дело. Му вика: „Не смеат да се отпечатуваат“, па му предлага оздола со скалпел да се пресечат.

    Потоа муабетот му го кажува на Сашо Мијалков. Овој му вика на Миле дека не треба по телефон да зборуваат за тоа, зашто не знае кој сè може да ги слуша. Миле бара совет со кој механизам да ги отвори пломбираните списоци, а да не се забележи.

    Сашо му вика на Миле да си ја сработат агендата и ќе добијат.

    „Ги стегнав Шиптариве, ги стегнав Циганиве. Бев со Тачи и со Адеми, ги наговорив сите нивни да излезат. Договорив со нив за секоја куќа да има по еден човек да ги носи на гласање. Со тоа: ’излезете гласање за тој и тој, видовме колку гласаа’. 400 да даде ДУИ, 400 Тачи и уште 700 ваму, ете ти ги 1.500“, вели Мијалков во прислушуваниот разговор.

    Во „Титаник”, за злосторничко здружување, поткуп при гласање, незаконско финансирање изборна кампања, злоупотреба на службената положба, закани, фалсификување исправи и други кривични дела обвинети се Никола Груевски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Мартин Протоѓер, Кирил Божиновски, Илија Димовски, Билјана Бришковска-Бошковски, Едмонд Темелко… вкупно 21 лице од ВМРО-ДПМНЕ.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира