НЕЛЕГАЛНОТО ПРИСЛУШУВАЊЕ ДОВЕДЕ ДО ГОЛЕМА КРИЗА ВО ЗЕМЈАВА, ВЕЛИ ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ ЗВРЛЕВСКИ

    НЕЛЕГАЛНОТО ПРИСЛУШУВАЊЕ ДОВЕДЕ ДО ГОЛЕМА КРИЗА ВО ЗЕМЈАВА, ВЕЛИ ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ ЗВРЛЕВСКИСпоред Зврлевски, системите за следење на комуникацијата и понатаму остануваат единствено во рацете на МВР. (архивска фотографија)

    Јавниот обвинител Марко Зврлевски кажа дека нелегалното следење на комуникациите доведе до голема општествена криза во Македонија на денешната конференција „Следење на комуникации – законска рамка и искуства, улогата на јавниот обвинител“. Тој побара измени на законското решение за следењето на комуникациите, бидејќи, според него, иако е предвидено главниот збор да го има јавниот обвинител, тоа е само на хратија, а системите за следење на комуникацијата и понатаму остануваат единствено во рацете на Министерството за внатрешни работи.

    „Нелегалното следење на комуникациите доведе до голема општествена криза во  Македонија, но ова не е прв пат системите за следење на комуникациите да бидат злоупотребени во земјава. Системите за следење на комуникациите како средство се користат и се злоупотребуваат и од други земји. Токму поради тоа улогата на јавните обвинители треба да стане поизразена, за да се намалат ваквите злоупотреби“, вели Зврлевски.

    На меѓународната конференција во Скопје присуствуваат јавни обвинители и нивни заменици од Албанија, Косово, Русија, Турција, Бугарија, Словенија, Хрватска и од Босна и Херцеговина.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира