НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ ДРЖАВАТА ДА СТАНЕ ДЕПОНИЈА, ИМАМЕ ДОВОЛНО НАШЕ ЃУБРЕ СО КОЕ ТРЕБА ДА СЕ СПРАВИМЕ, РЕЧЕ МИНИСТЕРОТ НУРЕДИНИ

    НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ ДРЖАВАТА ДА СТАНЕ ДЕПОНИЈА, ИМАМЕ ДОВОЛНО НАШЕ ЃУБРЕ СО КОЕ ТРЕБА ДА СЕ СПРАВИМЕ, РЕЧЕ МИНИСТЕРОТ НУРЕДИНИКај нас една компанија користи РДФ отпад и има дозвола за увоз на 25.000 тони. Од податоците кои ги има Министерството за животна средина оваа компанија узвувала РДФ многу помалку од дозволената количина. - Министерот Нуредини и директорот Танасоски. (Фото: МЖСПП)

    Министерот за животна средина Насер Нуредини и директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски најавија заедничка контрола во однос на отпадот кој се увезува во земјата. Двајцата кажаа дека досега во земјава нема увезено опасен отпад, односно единствен отпад е оној кој може да се рециклира, преработи и да се користи како алтернативно гориво.

    „Работиме на изработка на листи за сите издадени дозволи за извоз и увоз и оној кој транзитира низ нашата земја, кој транспарентно ќе го презентираме. Ќе работиме со Царина и завод за статистика и транспаренто ќе го презентираме. Царинската управа веќе направи контрола РДФ отпадот кој пред неколку дена стигна на граничниот премин Богородица и примероците се испратија до акредитирана лабораторија. Знам дека постои загриженост кај граѓаните за депонијата Дрисла. Јас заедно со градоначалникот на Скопје Петре Шилегов наредната недела ќе ја посетиме и ги повикувам сите невладини организации да дојдат со нас. Во однос на големиот степен на загриженост за увоз на опасен отпад сакам да кажам дека дозволи за ваков вид отпад се дадени само за акумулатори, кои се третираат односно се рециклираат од компании кои имаат дозвола да го работат ова“, рече министерот Нуредини.

    Кај нас една компанија користи РДФ отпад и има дозвола за увоз на 25.000 тони. Од податоците кои ги има Министерството за животна средина оваа компанија увезувала РДФ многу помалку од дозволената количина.

    „Најголем е увозот на метал, кој се класифицира како неопасен отпад и кој компаниите го рециклираат и се добива нов производ. Не е дозволено да се увезува отпад за чување и складирање. Лично како министер нема да дозволам нашата земја да стане депонија. Имаме ние доволно ѓубре со кое треба да се справиме“, додаде Нуредини.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира