НЕМА ДА СЕ ДЕЛАТ СВИДЕТЕЛСТВА АКО НЕ СЕ ИСПЛАТАТ ПЛУС ПАРИ НА НАСТАВНИЦИТЕ ЗА ПРЕКУВРЕМЕНО РАБОТЕЊЕ ВО ПАНДЕМИЈАТА, СЕ ЗАКАНИЈА ОД СОНК

    НЕМА ДА СЕ ДЕЛАТ СВИДЕТЕЛСТВА АКО НЕ СЕ ИСПЛАТАТ ПЛУС ПАРИ НА НАСТАВНИЦИТЕ ЗА ПРЕКУВРЕМЕНО РАБОТЕЊЕ ВО ПАНДЕМИЈАТА, СЕ ЗАКАНИЈА ОД СОНКОд СОНК велат дека за време на пандемијата наставниците работеле повеќе часа, а за тоа не се исплатени. (Фото: СДК.МК)

    Учебната година во основното образование нема да заврши и децата нема да добијат свидетелства доколку наставниците не добијат надоместоци за прекувременото работење во пандемијата. Ова денеска на прес-конференција го најави претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделковски тврдејќи дека поголем број општини низ земјава не исплатиле плус пари на наставниците, а кои им следуваат.

    „За време на пандемијата наставниците работа повеќе односно бројот на часови за настава им беше зголемен бидејќи децата беа поделени во две групи. За жал власта и институциите не го препознаа зголемениот обем на работа на наставниците и не исплатија додатоци. Од Министерството за образование велат дека имаат префрлено средства за оваа намена на општините, а од таму велат дека нема пари. Истото се случува и во градинките, каде воспитувачите и негувателите се принудени да работат по 8 часа. Доколку до први јуни надоместоците не бидат пресметани во платата учебната година нема да заврши“, рече Неделковски.

    Тој кажа дека во одредени општини и училишта исплатени се надоместоците, но повеќето не ја почитуваат оваа законска обврска.

    Поради пандемијата на ковид-19 цела учебна година наставата во основните и средните училишта се одвива онлајн. Со физичко присуство е дозволена настава само за ученици до трето одделение, при што во една група не смее да има повеќе од 15 деца.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира