НЕМА НАЛОГ ЗА ПРЕТРЕС КАЈ ФУНКЦИОНЕРИ, ДЕЖУРНИОТ ЗАМЕНЕТ СО СУДИИ ЗА КОИ СЈО БАРАШЕ ИЗЗЕМАЊЕ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:336:"ОсновниотсудСкопје1неодговаранаобвинувањатазоштодежурниотсудијабилзаменетвопредметитезакоиСЈОпобаралодаиздаденалогзапретсескајпоранешниисегашнифункционери

    НЕМА НАЛОГ ЗА ПРЕТРЕС КАЈ ФУНКЦИОНЕРИ, ДЕЖУРНИОТ ЗАМЕНЕТ СО СУДИИ ЗА КОИ СЈО БАРАШЕ ИЗЗЕМАЊЕ

    Основниот суд Скопје 1 молчи за обвинувањата од Специјалното обвинителство (СЈО) дека бил сменет дежурниот судија кај кого ова обвинителство на 20 јануари поднело барање за издавање наредба за претрес кај сегашни и бивши функционери.

    СЈО соопшти дека дежурниот судија во претходна постапка од непознати причини бил сменет. На негово место биле поставени судијките Елена Јосифовиќ и Александра Поп Стефанија. Тие, како што тврди СЈО, ги одбиле сите барања за наредба за претрес кај функционери, изразувајќи несогласување. Била издадена само една наредба, за случајот “Титаник“ за тешки изборни нерегуларности.

    И за двете судијки СЈО претходно има побарано изземање во претходни постапки.
    За судијката Елена Јосифовиќ, кога го води случајот „Трезор“, СЈО побара изземање поради сомнежи дека нема да постапува непристрасно затоа што братот на нејзиниот сопруг имал деловни врски со фирмата „Финзи“ на покојниот сведок Коста Крпач, што исто така е под истрага.

    СЈО ПОБАРА ИЗЗЕМАЊЕ НА УШТЕ ЕДНА СУДИЈКА ОТИ ИМА РЕЛАЦИИ СО „ФИНЗИ“

    За Александра Поп Стефанија СЈО има побарано изземање во случајот „Тврдина“ со Гордана Јанкулоска, бидејќи поранешната министерка се води како вработена во владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, а вработен во разгранокот на владејачката партија во Неготино е и сопругот на Поп-Стефанија.

    СЈО БАРА ИЗЗЕМАЊЕ НА СУДИЈКАТА ШТО ЈА СПОРИ НАДЛЕЖНОСТА ЗА УНИШТУВАЊЕ НА ПРИСЛУШУВАНАТА ОПРЕМА

    „Нема да има реакција од Основниот суд Скопје 1“, ни беше кажано официјално од таму. В.д. претседателка на Кривичниот суд е Татјана Михајлова, која го води судењето против обвинетиот екпремиер Никола Груевски за нарачаните шамари за градоначалникот Андреј Жерновски и за насилствата во општина Центар. Според деловникот на судот, таа има ингеренции да го менува распоредот на судиите, ако има законски оправдана причина.

    Според неофицијалните информации, кога се паднале барањата за наредба за претрес кај сегашни и поранешни функционери од ВМРО-ДПМНЕ, Михајлова била на одмор во Бугарија. Таа, велат од Кривичниот суд дала наредба неподобниот судија да биде сменет токму со Јосифовиќ и Поп Стефанија, за кои СЈО веќе има поднесено барања за изземање поради сомнежи во нивната непристрасност.

    Нема одговор од Основниот суд Скопје 1 зошто се чекало дури пет дена за овие две судијки да го известат СЈО во однос на барањата за претрес на функционери за истрагите што ги води ова обвинителство.

    „Одлуки по повод нашите барања беа донесени по истекот на законските рокови, со што постапката се одолговлекува и се оневозможува итност во постапувањето. Имено, ЗКП предвидел кратки рокови и тоа по барањето за издавање наредба за претрес судијата е должен да донесе одлука во рок од 12 часа, а доколку изрази несогласност, тогаш кривичниот совет треба да одлучи во рок од дополнителни 24 часа“, наведува СЈО во соопштението.

    Од таму велат дека и кога би ги прифатил Кривичниот суд нивните барања, за пет дена тамам ќе може функционерите под истрага да се спремат и евентуално со локум на врата да ги пречекаат истражителите што треба да им вршат ненадеен претрес.

    Бидејќи се работи за предистражни постапки, СЈО не открива за кои функционери барало претрес, а не ги кажува ни адресите.

    Основниот суд Скопје 1 не одговори на САКАМДАКАЖАМ.МК зошто по жалба решаваат едни исти судии кога се работи за предмети од СЈО. Според обвинителството на Катица Јанева, Владимир Панчевски и Дијана Груевска-Илиевска ги имало во двата од трите совети кои ги одбија жалбите на СЈО за недавањето наредби за претрес. Не е јасно како експретседателот на судот Панчевски одлучува за предмети во кривичниот совет, а откако му заврши мандатот на 4 декември лани, се уште не е распореден во кој оддел ќе суди.

    Судот не одговара и зошто записниците и снимките од судењето против обвинетиот експремиер Никола Груевски, в.д. претседателката Михајлова, која е и судечки судија во овој процес, на СЈО не му ги дава се уште, иако законски судот е обврзан на тоа.

    И претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски молчи за скандалите во Основниот суд Скопје 1. Тој не одговара воопшто ни на службениот телефон, ни преку секретарката на Советот.

    С. К. Делевска

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира