НЕМА ПОТРЕБА ОД НОВИ РЕСТРИКЦИИ ПРОТИВ КОВИД-19, ТРЕБА САМО ДА СЕ ПОЧИТУВААТ ПРОТОКОЛИТЕ, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕ

    НЕМА ПОТРЕБА ОД НОВИ РЕСТРИКЦИИ ПРОТИВ КОВИД-19, ТРЕБА САМО ДА СЕ ПОЧИТУВААТ ПРОТОКОЛИТЕ, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕСпоред Филипче, стабилна е епидемиолошката состојба со ковид-19. (Фото: К. Попов)

    Нема потреба од нови рестриктивни мерки, потребно е само почитување на веќе постоечките протоколи, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче при посетата на Болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Според Филипче, стабилна е епидемиолошката состојба со ковид-19, со оглед на тоа дека се испразнети болничките капацитети, но и дека нема потреба од мерки како на пример зголемување на капацитетите во хотелите во пресрет на новогодишните празници.

    Во земјава има 5.451 активен случај на ковид-19. Според последните информации од Министерството за здравство, заклучно со 14 декември вкупно се вакцинирани 838.987 граѓани, ревакцинирани се 810.990, а трета доза примиле 86.266 граѓани. Вкупно аплицирани се 1.736.243 дози вакцини.

    Опфатот со вакцинација со две дози на полнолетната популација е 48%, а 57% од граѓаните над 40-годишна возраст се ревакцинирани. 22% од вакцинираните граѓани постари од 60 години примиле трета доза вакцина. Опфатот со една доза вакцина на полнолетната популација е 50%.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира