НЕМА ПРОМЕНА ЗА МАКЕДОНИЈА, САМО АЛБАНИЈА МОЖЕ ДА ГИ ПОЧНЕ ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ, ВЕЛАТ ОД БУГАРСКАТА ВЛАДА

    НЕМА ПРОМЕНА ЗА МАКЕДОНИЈА, САМО АЛБАНИЈА МОЖЕ ДА ГИ ПОЧНЕ ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ, ВЕЛАТ ОД БУГАРСКАТА ВЛАДАОд бугарската влада повторно се повикуваат на декларацијата на бугарскиот парламент од 10 октомври 2019 година и велат дека таа позиција останува и за состанокот на Советот за општи работи на ЕУ на 14 декември во Брисел. (архивска фотографија)

    Бугарија нема да ја промени позицијата за почнување на пристапните преговори на Македонија со ЕУ, т.е. нема да го тргне ветото, потврдија од бугарската влада за неколку бугарски медиуми.

    Од бугарската влада повторно се повикуваат на декларацијата на бугарскиот парламент од 10 октомври 2019 година и велат дека таа позиција останува и за состанокот на Советот за општи работи на ЕУ на 14 декември во Брисел.

    Во декларацијата на бугарскиот парламент, со која се поставуваат услови за евроинтеграцијата на Македонија,  се негира постоењето на македонски јазик и се бара бришење на изразот “бугарски фашистички окупатор”.

    Од бугарската влада велат и дека се подготвени да дадат зелено светло за почнување на пристапни преговори на ЕУ со Албанија.

    Бугарија се уште има техничка влада, во тек се преговорите за формирање политичка влада по изборите на 14 ноември, трети годинава.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира