НЕМА СТРУЈА ОД КИЧЕВО ДО ОХРИД ОТИ ДВА ДАЛНОВОДА ИСПАДНАЛЕ ОД МНОГУ СНЕГ

    НЕМА СТРУЈА ОД КИЧЕВО ДО ОХРИД ОТИ ДВА ДАЛНОВОДА ИСПАДНАЛЕ ОД МНОГУ СНЕГПоради дефектот, проблеми има и со мобилната телефонија и интернетот, од МЕПСО велат дека екипи се на терен и наскоро се очекува да се санира дефектот. (Фото: СДК.МК)

    Поради два испаднати големи далновода во планинските и тешко пристапни предели, четвртина Македонија остана без струја. Нема струја од Кичево па до Охрид.

    Според првичните информации што ги добивме од директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, проблемот е голем. Двата далновода испаднале од мрежата од многу снег кој интензивно врне на планините. Ангелов кажа дека подоцна ќе има повеќе информации за ситуацијата. Вели дека во моментов ни тој не може да каже колку ќе трае санирањето на далноводите.

    Oд државниот преносен систем оператор МЕПСО потврдија дека се работи за испад на далеководите Вруток-Шпиље и Битола-Ресен. Велат дека екипи се на терен и состојбата ќе се нормализира за скоро. Поради дефектот, проблеми има и со мобилната телефонија и интернетот.

    Охриѓани реагираат дека денес подолго време се без струја, добиле само на десетина минути и пак снемало.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира