НЕМА ТРАГА ОД 2 И ПОЛ МИЛИОНИ ЕВРА, ОД „РЕКЕТ“ ОСТАНА ГАРНИТУРАТА НА КАТИЦА ОД 5.000 ЕВРА

    НЕМА ТРАГА ОД 2 И ПОЛ МИЛИОНИ ЕВРА, ОД „РЕКЕТ“ ОСТАНА ГАРНИТУРАТА НА КАТИЦА ОД 5.000 ЕВРАКамион на МВР собира докази од домот на Катица Јанева по нејзиното апсење на 21 август (Фото: СДК.МК)

    Агапи Дика, сестра на поранешната членка на Судскиот совет, сегашна апелациона судијка Мери Дика – Георгиевска, денеска беше сослушана како сведок во истрагата за „Рекет“. Беше повикана како претседателка на невладината организација на притворениот Бојан Јовановски „Меѓународен сојуз“.

    Два часа траеше нејзиниот распит, за да одговори таа кусо на новинарско прашање дека не знае каде завршиле парите на бизнисмените кои уплаќале на сметката на таа невладина организација за изградбе на стречки домови кои подоцна ќе можат да ги стопанисуваат. Рече дека истрагата ќе каже за што станува збор во врска со нејзиното сведочење“.

    Истрагата е тајна, а Обвинителството за организиран криминал и корупција под водство на шефицата на ова обвинителство Вилма Русковска ја води од летото. Се знае само дека таа е во два дела засега, едниот е поврзан со поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и нејзиниот пријател Бојан Јовановски кој му зел наводно милион ипол евра за Јанева да му даде од нов пасош, до конечно ослободување од кривична одговорност во истрагата за „Империја“, со отворање можност за спогодба за вина за да ја обештети државата, а да не лежи затвор.

    Останува непознат вториот дел, за измамите со изградбата на старечки домови, за кои бизнисмени како Силјан Мицевски и Ардијан Амзоски наседнале и инвестирале првиот околу 700 илјади евра, Амзоски околу 200 илјади евра, а биле рекетирани и други, како Зоран Азманов и други, но не уплатиле ни евро. Под претпоставки на јавноста (зашто нема никакви информации од истрагата за овој втор нејзин дел), спорно е тоа што јавни личности како потпретседателката на Собранието Фросина Ташевска – Ременски, Александар Кирацовски и Агапи Дика, молчеле додека Меѓународниот сојуз збирал пари за фиктивни старечки домови. Ташевска – Ременски била почесен претседател на Меѓународниот сојуз, а Кирацовски наводен олеснувач во контактите на Бојан Јовановски со битолската градоначалничка Наташа Петровска за да му поверува дека навистина ќе гради такви домови за стари лица и да му даде локација во Битола.

    Дика, пак, како Претседател на Собранието на Меѓународниот Сојуз била потписник на договорот со битолскиот бизнисмен Силјан Мицевски за изградба на старечки домови.

    Извесно е засега дека не само што ги нема парите земени од Орце Камчев во првиот дел од истрагата, туку според навестувањето на Агапи Дика денеска, не се знае кај се ни парите уплаќани за старечките домови.

    Досега е утврдено и споделено со јавноста само дека Катица Јанева наводно од пари од осомничениот Орце Камчев купила гарнитура од 5.000 евра. Каде се уште најмалку два милиона евра што ги зел Боки 13, сѐ уште истрагата не открива.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира