НЕМА ЗАГИНАТИ, 26 ПАТНИЦИ СЕ ПОВРЕДЕНИ ВО ПРЕВРТЕНИОТ АВТОБУС КАЈ ПРОКУПЉЕ, ВЕЛИ МНР

    НЕМА ЗАГИНАТИ, 26 ПАТНИЦИ СЕ ПОВРЕДЕНИ ВО ПРЕВРТЕНИОТ АВТОБУС КАЈ ПРОКУПЉЕ, ВЕЛИ МНРВо автобусот биле жени од Радовиш кои оделе на екскурзија на Копаоник. (Фото: РТС)

    Нема загинати патници во автобусот кој утрово се преврте кај Прокупље, Србија, велат од Министерството за надворешни работи (МНР). Од таму велат дека 26 лица се повредени и веднаш се пренесени в болница. Сите се контактабилни, но во моментов се вршат дополнителни испитувања за да се утврди дали имаат внатрешни повреди.

    „Информираме дека утринава се случи сообраќајна несреќа на патот Блаце – Белољин во Република Србија, во која автобус со македонски регистарски таблички се превртел носејќи патници на еднодневна екскурзија на Копаоник. Во несреќата се повредени 26 лица, од кои 18 се згрижени во болницата во Блаце, додека 8 се згрижени во болницата во Прокупље. Според првични информации од лекарите, згрижените се надвор од животна опасност, додека едно лице во Прокупље е потешко повредено. Засега се сите контактибилни, но за секој случај во болницата во Прокупље се врши и компјутерска томографија за да се утврди прецизно состојбата на повредените. Според неофицијална информација од Болницата во Блаце, Србија, патниците биле претежно од Радовиш. Амбасадата на Република Северна Македонија во Белград е во постојана комуникација со надлежните органи. Од страна на МВР на Србија-Полиција Блаце сме информирани дека сѐ уште се врши увид на местото на несреќата и засега не можат да дадат подетални информации. На терен е и надлежен јавен обвинител“, велат од МНР.

    Во автобусот биле жени од Радовиш кои оделе на екскурзија на Копаоник.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира