НЕМА ЗАГИНАТИ МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ВО НЕВРЕМЕТО НА ХАЛКИДИКИ, ПОВРЕДЕНИТЕ ДА СЕ ЈАВАТ ВО КОНЗУЛАТОТ ВО СОЛУН, ВЕЛАТ ОД МНР

    НЕМА ЗАГИНАТИ МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ВО НЕВРЕМЕТО НА ХАЛКИДИКИ, ПОВРЕДЕНИТЕ ДА СЕ ЈАВАТ ВО КОНЗУЛАТОТ ВО СОЛУН, ВЕЛАТ ОД МНРЗаради нерасчистени патишта, пад на дрвја и проблеми со снабдувањето на електрична енергија во регионот, локалните власти препорачуваат луѓето во регионот да не се движат без причина додека трае расчистувањето. - Последици од невремето во Грција (Фото: Халкидикињуз)

    Нема загинати македонски државјани во невремето кое вчера попладне го зафати грчкиот полуостров Халкидики, информираат од Министерството за надворешни работи.

    Оттаму велат дека се во постојана комуникацијата со Генералниот конзулат на Северна Македонија во Солун и засега нема пријава дека македонски граѓани настрадале во невремето. Граѓани кои евентуално се повредени во невремето во Грција можат да го контактираат Генералниот конзулат во Солун на телефонските броеви 00302310277347 и 00302310277348, како и амбасадата во Атина на бројот 00302106749585.

    „Заради нерасчистени патишта, пад на дрвја и проблеми со снабдувањето на електрична енергија во регионот, локалните власти препорачуваат луѓето во регионот да не се движат без причина додека трае расчистувањето и не се нормализира снабдувањето со струја“, велат од Министерството за надворешни работи.

    Во големото невремето кое синоќа го зафати Халкидики загинаа шест лица и има десетици повредени.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари