НЕМАМЕ ПОШТАРИ, ПЛАТАТА НИ ДОЦНИ, А ДИРЕКТОРОТ ЌЕ ВРАБОТИ 31 АДМИНИСТРАТИВЕЦ, ВЕЛАТ ОД СИНДИКАТОТ НА МАКЕДОНСКА ПОШТА

    НЕМАМЕ ПОШТАРИ, ПЛАТАТА НИ ДОЦНИ, А ДИРЕКТОРОТ ЌЕ ВРАБОТИ 31 АДМИНИСТРАТИВЕЦ, ВЕЛАТ ОД СИНДИКАТОТ НА МАКЕДОНСКА ПОШТАОд Синдикатот велат дека Пошта се наоѓа во очајна состојба, не се редовни платите, немаат поштари, а се распишува оглас за административци од кои нема потреба. (Фото: СДК.МК)

    Синдикатот на Македонска пошта денеска побара да се стопира огласот за вработување на 31 административец, кој го распишал директорот Васко Стефанов. Велат дека Пошта се наоѓа во очајна состојба, не се редовни платите, немаат поштари, а се распишува оглас за административци од кои нема потреба.

    Генералниот директор распиша оглас за 31 вработување во администрација за кои сите мислиме дека се непотребни, оти имаме превработеност во администрацијата. Не би биле против нови вработувања ако се за работни места кои сериозно ни се потребни како поштари, шалтерски работници и оператива. Од ден на ден се среќаваме со недостиг на работници во овие места. Затоа бараме веднаш да се стопира огласот“, рече Боро Велигденов, претседател на синдикатот на Македонска пошта.

    Велигденов вели дека Македонска пошта се наоѓа во лоша финансиска состојба и дека им доцни исплатата на плата.

    За месец јануари плата ни беше исплатена во петокот односно после истекот на законскиот рок. Стравуваме дали воопшто ќе земеме плата во наредниот период. Затоа бараме средба со Владата, за да се преземат чекори за решавање на ситуацијата во која се наоѓа друштвото“, додава Велигденов.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира