НЕМОЈТЕ ЕМОТИВНО ДА ПАДНЕТЕ, ПРОДОЛЖЕТЕ СО РЕФОРМИТЕ, КАЖА ХОЛАНДСКИОТ АМБАСАДОР КОП ОТКАКО БУГАРИЈА ПАК НИ СТАВИ ВЕТО ЗА ЕУ

    НЕМОЈТЕ ЕМОТИВНО ДА ПАДНЕТЕ, ПРОДОЛЖЕТЕ СО РЕФОРМИТЕ, КАЖА ХОЛАНДСКИОТ АМБАСАДОР КОП ОТКАКО БУГАРИЈА ПАК НИ СТАВИ ВЕТО ЗА ЕУАмбасадорот Коп рече дека главна цел на Холандија е стабилен и просперитетен Балкан.(Фото: СДК.МК)

    Холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп побара земјaва да продолжи со реформите за членство во Европската унија откако Бугарија повторно стави вето за добивање датум за преговори. Според него патот кон ЕУ е тежок и со многу проблеми. Рече дека Холандија ќе помогне во нивното решавање оти главна цел им стабилен и просперитетен Балкан.

    „Она што е важно е да нема големи емотивни падови и подеми, туку да се продолжи со работа оти само спроведувањето на реформите е единствениот начин да се најдете на масата на која ќе бидете заедно со другите и да имате подеднакво право на глас. Интересот на мојата држава е стабилност и просперитет на Балкан и затоа неопходно е освен членка на НАТО да бидете и членка на ЕУ, тоа е нашата основна цел“ кажа Коп кој денеска беше во струмичко Смоларе на презентација на еколошки документарен филм.

    Амбасадорот на Холандија присуствуваше на презентацијата на документарниот филм „Некогаш во Венецуела“, кој го организираше еколошкото друштво Планетум од Струмица со цел да се подигне јавната свест за квалитетот на животот и вклучување на граѓаните при креирање на одлуки од јавен интерес за животната средина.

    В. ТРАЈКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира