НЕОФИЦИЈАЛНО: ПРИТВОРЕН СОРАБОТНИК НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БИТОЛА

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:257:"За11осомниченибешепобаранамеркапритвор,нонеизаградоначалникотВладимирТалески,затоаштотојепомилуванодпретседателотИванов";s:9:"td_source";s:47:"Битола,(САКАМДАКААЖАМ.МК)

    НЕОФИЦИЈАЛНО: ПРИТВОРЕН СОРАБОТНИК НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БИТОЛА

    Соработник на градоначалникот на Битола Владимир Талевски вечерва е притворен на барање на Специјалното јавно обвинителство, дознаваме неофицијално.

    Од СЈО вечерва не сакаа да даваат повеќе информации за случајот “Транспортер“. Со повеќе информации ќе излезат утре.

    Во случајот „Транспортер“ покрај градоначалникот Владимир Талевски, СЈО осомничи уште 22 луѓе, меѓу кои негови соработници од општината, директори на битолски училишта и директори на транспортни фирми од Битола. Осомничени се за местење тендери за превоз на ученици  во Битола.

    За 11 осомничени  беше побарана мерка притвор, но не и за градоначалникот Владимир Талески, затоа што тој е  помилуван од претседателот Иванов. Но, за него, како и за останатите во овој случај , Специјалното јавно обвинителство најави дека ќе бара конфискација на имот. Од СЈО најавија дека против Талески се води предистражна постака и за други коруптивни активности, за кој претседателот не го ослободил од кривично гонење.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира