НЕВАЖЕЧКИ 38.712 ГЛАСАЧКИ ЛИВЧИЊА, ПОБРОЈНИ ОД ТРЕТАТА ОПЦИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НЕВАЖЕЧКИ 38.712 ГЛАСАЧКИ ЛИВЧИЊА, ПОБРОЈНИ ОД ТРЕТАТА ОПЦИЈА

    На над 99 отсто од преброените гласачки ливчиња од предвремените парламентарни избори што се одржаа вчера, досега има дури 38.712 неважечки ливчиња.

    Бројот на неважечките ливчиња е поголем од гласовите што ги освоија ДПА, Коалицијата за промени и правда, ПДП, ВМРО за Македонија и Левица заедно.

    Причината, анализираат во Државната изборна комисија, е поради строгото упатство издадено до избирачките одбори, според кое, се уважуваат гласачките ливчиња на кои броевите биле заокружени. На оние гласачи, кои бројот го обележале со триаголник, квадратче, го штиклирале или заокружиле со фломастер што си го донеле од дома, ливчињата не им се уважени. Имало и такви кои покрај називот на партијата, т.е. коалицијата за која го дале својот глас, напишале “Среќно!“.

    Сите избројани гласачки ливчиња, како и неважечките, се спакувани и пломбирани, како доверлив избирачки материјал. Ќе се отвораат само ако има приговори, велат од ДИК. Досега ниедна партија нема поднесено приговор за вчерашното гласање. Рокот за поднесување приговори е до утре до 19 часот.
    Во ДИК сметаат дека ако има приговори, тие ќе стигнат утре, поради процедурата за поднесување и на докази во прилог на приговорот.

    Бројот на неважечки во 2014 година бил 23.428 ливчиња, но тогаш, велат од ДИК, било дозволено да се уважат и ливчиња на кои имало ненамерна шкртаница, или дриги отстапувања, кои овојпат ДИК не ги дозволила.
    На претседателските избори во 2009 година имало дури 45.513 неважечки ливчиња.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари