НЕВЛАДИНА СО ИЗМАМА НА ТРИУМФАЛНА ПОРТА ПОСТАВИ ТРАНСПАРЕНТ ОД ВМРО-ДПМНЕ ЗА ОЦРНУВАЊЕ НА ЗАЕВ

    НЕВЛАДИНА СО ИЗМАМА НА ТРИУМФАЛНА ПОРТА ПОСТАВИ ТРАНСПАРЕНТ ОД ВМРО-ДПМНЕ ЗА ОЦРНУВАЊЕ НА ЗАЕВВеднаш штом беше поставен транспарентот, под Триумфалната порта прес-конфереција одржа портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, кој рече дека она што се гледа зад него е „бројчаникот што го ветуваше Заев“. Видеото од настанот е споделено и на официјалната веб страна на ВМРО-ДПМНЕ. (Фото: Принтскрин од видео)

    Музејот на македонската борба – Скопје најостро реагира на злоупотребата и упадот во објектот Порта Македонија, откако попладнево од терасата беше поставен транспарент на кој пишуваше „Еве го бројчаникот на Заев: 1136 починати, 39.760 заразени, 200.000.000 евра долг, 40.000 избркани од работа, вето од ЕУ“. Веднаш штом беше поставен транспарентот, под Триумфалната порта прес-конфереција одржа портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, кој рече дека она што се гледа зад него е „бројчаникот што го ветуваше Заев“. Видеото од настанот е споделено и на официјалната веб страна на ВМРО-ДПМНЕ.

    Од Музејот велат дека транспарентот го поставиле лица кои им се претставиле како членови на невладина организација, а за што претходно биле известени и медиуми. Сметаат дека самиот настан е груба манипулација со граѓаните во име на невладините организации, а Музејот ќе ги преземе сите механизми за откривање на сторителите и сите вклучени.

    „Согласно потпишаниот договор, на терасатa, почитувајќи ги сите препораки за заштита од ковид-19, денеска требаше да се одржи настан ‘Состанок со млади лица за подигање на јавната свест кај младите за заштита на културното и историско богатство на нашата земја’, во траење од 1 час. Наместо состанокот, присутните, го злоупотребиле договорот и неовластено го истакнале транспарентот, со цел истиот да биде снимен и пренесен од медиумите. Музејот на македонската борба – Скопје, ја осудува оваа груба злоупотреба и манипулација и истовремено потсетува на членот 5. од Договорот во кој стои дека дејствијата кои ќе се одвиваат во закупените простории, исто така и во околните пролазни простори ќе бидат користени исклучиво за намени наведени во чл. 2 од договорот, односно дека нема да се злоупотребат за националистички и дискриминаторски цели, дискриминациони претензии на национална, верска или било кој вид на разгорување на човечка нетрпеливост“, велат од Музејот.

    Музејот најави дека ќе ги преземе сите правни инструменти за одгoворност на учесниците како и потписникот на договорот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира