НЕВРАБОТЕНИТЕ РОДИТЕЛИ СО ДЕТЕ СО ПОПРЕЧЕНОСТ ЌЕ ДОБИВААТ ПЕНЗИЈА ОД 8.000 ДЕНАРИ

    НЕВРАБОТЕНИТЕ РОДИТЕЛИ СО ДЕТЕ СО ПОПРЕЧЕНОСТ ЌЕ ДОБИВААТ ПЕНЗИЈА ОД 8.000 ДЕНАРИТанчерите со Даунов синдром од танцовото студио „Денсерс Јунајтед“, кои на меѓународен танцов натпревар годинава освоија прво место, на одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со попреченост 3 декември добија благодарници од Владата.- Од одбележувањето на Меѓународниот ден на лица со попреченост (Фото: Влада)

    Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска најави дека со измените на Законот за социјална заштита родителите кои имаат дете со попреченост и кои се невработени, а при тоа цело време се грижеле за детето, односно не го сместиле во институција ќе можат да добијат пензија и тоа за жени по навршување на 62 години, а за мажи по навршување на 64 години.

    Од Министерството за труд и социјална политика велат дека с уште работат на законските измени и дека ова е всушност траен надоместок, а предвидено е тој да изнесува 8.000 денари.

    Во нацртот на законските измени стои дека вакво право ќе можат да остварат родителите кои се грижеле за своето дете 26 години, бидејќи според законските одредби за дете со попреченост се смета лице до неговата 26 годишна возраст.

    „Правото на траен надоместок ќе може да го оствари секој, којшто ги исполнува условите предвидени со законското решение, откако истото ќе стапи на сила. Оваа одредба е во фаза на доработка бидејќи се прифатени сугестиите на родителите на децата со попреченост и правото кое се однесуваше само на самохраните родители, сега се проширува за сите родители кои не одат на работа, а чуваат дете со попреченост“, велат од Министерството за труд и социјална политика.

    Од Министерството за труд и социјална политика велат дека надоместокот не е класична пензија, односно нема да се исплаќа преку Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, туку од буџетот на Министерството бидејќи е социјално право.

    МТСП сè уште нема фискални пресметки како тоа ќе се одрази на буџетот, бидејќи како што велат немаат точна бројка колку родители има што ги исполнуваат условите.

    Е. БОЧВАРОСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари