НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА НИ ГО ОДЗЕМЕ МИНАТОТО, ИЛИНДЕН Е НАШАТА СИЛА И ЗА ИДНИНАТА, КАЖА КОВАЧЕВСКИ ВО КРУШЕВО

    НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА НИ ГО ОДЗЕМЕ МИНАТОТО, ИЛИНДЕН Е НАШАТА СИЛА И ЗА ИДНИНАТА, КАЖА КОВАЧЕВСКИ ВО КРУШЕВООд синоќешното отворање на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“ (Фото: Влада)

    Како Македонци кои говорат македонски јазик, отворен ни е простор на европската маса. Првите документи во Брисел веќе се преведуваат на македонски јазик. Никој повеќе не може и нема потреба да зборува во наше име. Нашето минато тече во нашите вени и никој не може да го одземе, дури и да сака. Ние нема од што да се плашиме, ниту ни доликува да се откажуваме од битки“, кажа премиерот Димитар Ковачевски на синоќешното отворање на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“, што ќе се одржува до 10 август.

    Тој упати пораки за просперитет, подобра иднина и напредок на сите граѓани во Македонија, истакнувајќи дека „Илинден е нашата сила за иднината“.

    Ковачевски денеска ќе се обрати на прославата на Мечкин Камен (Фото: Влада)

    Во изминатите неколку години постигнавме значителен напредок кон стратешките цели и квалитетот на животот. Ова е потврда дека резултатите се можни кога се бориме посветено и се бориме за вредности. Постигнавме членство во НАТО. Ги осигуравме границите на државата и зачекоривме одлучно, како никогаш досега, кон нашата следна цел – полноправно членство во Европска Унија, со признати чист македонски јазик и македонски идентитет. Продолжуваме одлучно по европскиот пат, бидејќи тоа е патот на иднината и патот на прогресот. Ако бараме потврда за вистинскиот пат, еве ја тука на 2 август“, кажа Ковачевски.

    Тој денеска ќе се обрати на прославата на Мечкин Камен, додека претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува на првото одбележување на Илинден во манастирот „Свети Прохор Пчински“ по 18 години пауза.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира