НИКОЛА ДОДЕВСКИ ВЕЌЕ НЕ МУ Е АДВОКАТ НА ГРУЕВСКИ ВО СЛУЧАЈОТ НАСИЛСТВА И ШАМАРИ ВО ЦЕНТАР

    НИКОЛА ДОДЕВСКИ ВЕЌЕ НЕ МУ Е АДВОКАТ НА ГРУЕВСКИ ВО СЛУЧАЈОТ НАСИЛСТВА И ШАМАРИ ВО ЦЕНТАРЕкспремиерот Никола Груевски и експортпаролот Александар Ѓорѓиев утринава пред Кривичниот суд. (Фото: СДК.МК)

    Никола Додевски, адвокатот на експремиерот Никола Груевски во сите предмети што ги поведе Специјалното обвинителство, на денешното рочиште за насилствата и шамарите во Центар, не е бранител ни на првообвинетиот Груевски, ниту на второобвинетиот Миле Јанакиески, а ни на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова.
    Тие кај судијката Татјана Михајлова пријавија нови бранители.

    Со отворање на истрагата „Талир” на СЈО, каде сведок е Додевски, тој е оспорен како бранител на Груевски, Емил Димитриев и на останатите осомничени во овој случај.

    Денешното рочиште не ни почна. Предметот од овој судски процес се наоѓал физички во Апелациониот суд Скопје, поради жалбата на специјалните обвинителки Катица Јанева и Фатиме Фетаи за паричните казни што им ги изрече Михајлова пред скоро пола година.

    Судењето е одложено за 28 септември.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира