НИМИЦ В НЕДЕЛА ВО СКОПЈЕ, ПА ВО АТИНА

    НИМИЦ В НЕДЕЛА ВО СКОПЈЕ, ПА ВО АТИНАГрчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас во јануари, 2017 за спорот за името со Македонија во Њујорк разговарал со посредникот Метју Нимиц

    Специјалниот претставник на Обединетите нации и посредник во преговорите за спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц, в недела ќе дојде во дводневна посета на Македонија, по што заминува во дводневна посета на Атина.

    За време на посетата на Скопје, Нимиц ќе има средби на кои ќе се запознае со ставовите на новата влада во врска со спорот за името. Сепак, не се очекува конкретен резултат од посетата ниту давање некакви предлози. Главниот фокус ќе биде процесот и како да продолжат преговорите за решавање на спорот.

    Ова е прва посета на Нимиц на регионот од јули, 2014, кога изјави дека очекува напредок во преговорите. Тој неодамна во интервју за грчки весник изјави дека решавањето на спорот за името треба да биде високо поставено на агендата на новата македонска влада.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира