НИТУ ЕДНА КАЗНА ЗА ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НИТУ ЕДНА КАЗНА ЗА ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ

    Нема казни за загадување на воздухот ниту за големите фабрики, за кои е надлежен Државниот инспекторат за животна средина, ниту пак за помалите погони, кои се во надлежност на еколошката инспекција на локалните сампуправи.

    Инспекторите велат дека и поголемите и помалите индустриски капацитети се придржуваат до пропишаните норми на максимално дозволени вредности за испуштање загадувачки материи во воздухот.

    Град Скопје допрва прави студии за загадувањето на воздухот, кои треба да покажат со колкав процент сообраќајот, а со колкав процент греењето го загадуваат воздухот - поглед врз скопската котлина од врвот на Водно вчера (Фото:СДК.МК)

    Град Скопје допрва прави студии за загадувањето на воздухот, кои треба да покажат со колкав процент сообраќајот, а со колкав процент греењето го загадуваат воздухот – поглед врз скопската котлина од врвот на Водно вчера (Фото:СДК.МК)

    Воздухот во поголемите градови, односно Скопје, Битола, Тетово, Куманово со години наназад е екстремно загаден со честики прашина или ПМ10 честички. И деновиве мерните станици на Министертсвото за животна средина покажаа големо зaгадување во овие градови, особено во Скопје и Битола.

    Секоја година надлежните државни и локални власти виновникот за загадувањето го лоцираат во сообраќајот и грејната сезона, но конкретни податоци кој и колку го загадува воздухот сѐ уште нема.

    “Се прават засилени контроли и вонреден инспекциски надзор на емисиите на штетни гасови од инсталациите кои подлежат на Б интегрирана еколошка дозвола за работа.  Досегашниот инспекциски надзор нема констатирано надминување на максималните вредности за било какво загадување од страна на инсталациите кои имаат Б лиценца“, велат од Град Скопје.

    Од Државниот инспекторат за животна средина објаснуваат дека редовно ја следат работата на поголемите индустриски објекти, кои имаат А интегрирана еколошка дозвола за работа, и дека мерењата на загадувањето што излегува од нивните оџаци покажале дека тоа е во рамки на дозволените граници. Единствената фабрика, која сѐ уште нема филтри за прашина, Југохром од Јегуновце, пред десетина дена по налог на Инспекторатот престана со работа, бидејќи и во продолжениот рок од две години не постави филтри.

    Енергетските капацитети, меѓу кои и РЕК Битола, според законските прописи филтри за прашина треба да постават до 2017 година, иако за останатите индустриски капацитети овој рок истече во април 2014 година.

    “Големите индустриски капацитети не загадуваат, бидејќи повеќето од нив во моментов не работат, а останатите според мерењата што ги добиваме од нив, како една од обврските од дозволата за работа, покажуваат дека нема надминување на граничните вредности. Како и секаде во светот, така и кај нас, најголеми загадувачи се сообраќајот и начинот на греење“, велат од Државниот инспекторат за животна средина.

    Град Скопје допрва прави студии за загадувањето на воздухот, кои треба да покажат со колкав процент сообраќајот, а со колкав процент греењето го загадуваат воздухот.

    Студијата за загадувањето од сообраќајот во Скопје ја прават компанијата Фармахем и Универзитетот Гоце Делчев од Штип, а таа ќе се прави наредните 12 месеци.

    Фирмата Технолаб работи на елаборат студијата колку огревното дрво од индивидуалните домаќинства го загадува воздухот, и таа ќе се работи до крајот на грејната сезона.

    “Резултатите од двата елаборати според градските власти треба да се искористат за да се донесат соодветни мерки за ефикасно справување со загадувањето на воздухот.

    ЕКОЛОШКИТЕ КРИВИЧНИ ДЕЛА ОСТАНУВААТ НЕОТКРИЕНИ

    Енергетските капацитети, меѓу кои и РЕК Битола, според законските прописи филтри за прашина треба да постават до 2017 година, иако за останатите индустриски капацитети овој рок истече во април 2014 година

    Енергетските капацитети, меѓу кои и РЕК Битола, според законските прописи филтри за прашина треба да постават до 2017 година, иако за останатите индустриски капацитети овој рок истече во април 2014 година

    Битола во средата беше лидер во земјава по аерозагадување со ситна прашина. Дневната концентрација на ПМ 10 честичките достигна 139 микрограми на метар кубен иако дозволената граница е до 50. - Поглед од Пелистер на Битола. (Фото: СДК.МК)

    Битола во средата беше лидер во земјава по аерозагадување со ситна прашина. Дневната концентрација на ПМ 10 честичките достигна 139 микрограми на метар кубен иако дозволената граница е до 50. – Поглед од Пелистер на Битола. (Фото: СДК.МК)

     

     

     

     

     

     

     

    Еколошки експерти деновиве на работилница во Битола дадоа податоци дека годишно во македонските судови се процесуираат од 60 до 100 обвиненија за еколошки криминал и дека 30 отсто од од нив завршуваат со условни казни. Според нив голем број кривични дела сѐ уште не се откриени.

    На работилницата беше истакнато дека и покрај постоењето на законска регулатива, еколошкиот криминал во Македонија е значително присутен. Најчести случаи на еколошки криминал се бесправното сечење на шумите, криволов, незаконскиот риболов, а зачестени се и случаи на прекуграничен криминал со шверц на одредени видови флора и фауна.

    Благата казнена политика овозможува сторителите да посегнат повторно по еколошки креминал.

    “Сторителите се претежно од машки пол и со понизок степен на образование кои повеќепати се сторители на кривични дела. Слободно можеме да кажеме дека и надлежните служби се со низок степен на свест, а и самата организирана поставеност на некои државни органи содејствува со оваа состојба“,  вели Марина Малиш Саздовска, професорка на Факултетот за безбедност.

    За подобрување на состојбата се очекува да придонесе и Законот за инспекција во животна средина кој во моментов е во нацрт верзија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира