НОН-СТОП СМЕ НА ТЕРЕН, ОД АВГУСТ ДО СЕГА ЗАТВОРЕНИ СЕ 20 КАФЕАНИ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРКАТА НА ПАЗАРНА ИНСПЕКЦИЈА СИМЕСКА

    НОН-СТОП СМЕ НА ТЕРЕН, ОД АВГУСТ ДО СЕГА ЗАТВОРЕНИ СЕ 20 КАФЕАНИ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРКАТА НА ПАЗАРНА ИНСПЕКЦИЈА СИМЕСКАВо скопските кафулиња и ресторани, но и низ земјава никој не се бара од гостите да приложат ковид-сертификат.(Фото: СДК.МК)

    Директорката на Пазарната инспекција Анета Симеска-Димоска вели дека нивните инспектори постојано се на терен за контроли околу почитување на ковид мерките во кафулиња и кафеани. Од август кога беше донесена мерката за влез во угостителски објекти само со потврда за примена вакцина, Пазарната инспекција направила 1.280 инспекциски надзори, а затворени се 20 угостителски објекти.

    „Нон-стоп сме на терен, но ние не ги казнуваме граѓаните дали имаат лажни сертификати, тоа е обврска на Министерството за внатрешни работи. Редарите или вработените во објектот се тие кои ги контролираат гостите дали имаат потврда за вакцина. Ако ние при контрола утврдиме дека гостите немаат сертификат или не се почитуваат другите мерки го казнуваме правното лице, не можеме граѓаните“, вели директорката Симеска-Димоска.

    Пазарната инспекција изрекла казни за непочитување на ковид мерки во висина од 6 милиони денари за правни лица и еден милиони денари за одговорните лица на објектот.

    Од 15 ноември за влез во објекти е потребно сертификат/потврда за извршена имунизација од коронавирусот, односно примени две дози на вакцина против заразната болест ковид-19 или сертификат/потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена,

    Во скопските кафулиња и ресторани, но и низ земјава никој не се бара од гостите да приложат ковид-сертификат. За разлика од август, на пример, кога стартуваше мерката, колку-толку, персоналот бараше од гостите барем да ги покажат сертификатите, а во објектите имаше и лица задолжени за проверка. Дури и при резервација на места, персоналот потенцираше дека на гостите ќе им треба сертификат.

    А. АНТЕВСКА

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира