НОВ ОБИД СО МАЛИ ШАНСИ ЗА ЛИДЕРСКА СРЕДБА ПРЕД СОСТАНОЦИТЕ НА ХАЈНДЛ

a:1:{s:9:"td_source";s:58:"Скопје,Берлин(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НОВ ОБИД СО МАЛИ ШАНСИ ЗА ЛИДЕРСКА СРЕДБА ПРЕД СОСТАНОЦИТЕ НА ХАЈНДЛ

    Политичките партии денес се очекува да имаат одделни средби, пред посетата на германскиот специјален пратеник Јоханес Хајндл. Партиски извори за САКАМДАКАЖАМ.МК  велат дека засега се планирани само паралалени состаноци на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, и на ДУИ со ДПА, но на ниво на високи партиски функционери. Според истите извори, овие средби се обид да се продолжат преговорите, но оти се уште нема закажана нова лидерска средба на сите четири партии, оти за тоа се уште не се создадени услови.
    Германската амбасада вчера попладне ја најави посетата на амбасадорот Хајндл за денес и утре. Во кусото соопштение нема детали за неговите состаноци. Само се вели дека „надоврзувајќи се на неговите претходни посети од минатите недели, амбасадорот Хаиндл одново ќе разговара со партиите, потписнички на договорот од Пржино, како и со претставници на меѓународната заедница“.
    На конференцијата за Западен Балкан, која во понеделник беше организирана од францускиот претседател Франсоа Оланд во Париз, германската канцеларка Ангела Меркел ги увери земјите од југоисточна Европа дека таа е посветена да ги води кон Европската унија, и покрај тоа што блокот се соочува со кризата предизвикана од одлуката на Обединетото кралство да ја напушти унијата.
    „Беше многу важно да се нагласи дека перспективата за членство на земјите од Западен Балкан останува недопрена,” изјави Меркел.
    Берлин одлучи директно да се вмеша во решавање на кризата во Македонија во мај годинава, кога германскиот шеф на дипломатијата Франк Валтер Штајнмајер, го назначи Јоханес Хајндл за специјален пратеник за Македонија. Од тогаш тој три пати доаѓаше во Македонија, но секогаш е затворен во изјавите и не открива речиси ништо од разговорите.
    Извори од Германското министерство за надворешни работи, неофицијално за  САКАМДАКАЖАМ.МК тогаш изјавија дека  политички Берлин повеќе не бил задоволен со темпото на разрешување, односно влечкање или заострување на кризата во Македонија.
    Неколку недели по назначувањето на Хајндл, германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот од Брисел порача дека политичките партии во Македонија повеќе не смеат да си играат со трпението на меѓународната заедница, потенцирајќи дека „Германија е екстремно загрижена за внатрешно-политичката состојба во Македонија. Земјава итно мора да ги исполни двата услови, односно создавање услови за демократски и слободни избори и целосна поддршка за работата на Специјалното јавно обвинителство“.
    Со именувањето на Хајндл, Берлин уште еднаш потврди дека не е само пасивен набљудувач на случувањата на Балканот и конкретно во Македонија, туку дека  Германија била активна секогаш кога имало закани за ескалација или кога се барало активирање и реформи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари