НОВАТА ВЛАДА ДА СЕ ФОРМИРА ШТО ПОСКОРО, ПОРАЧА КАРЕН ПИРС, ПОЛИТИЧКИ ДИРЕКТОР ВО БРИТАНСКОТО МНР

    НОВАТА ВЛАДА ДА СЕ ФОРМИРА ШТО ПОСКОРО, ПОРАЧА КАРЕН ПИРС, ПОЛИТИЧКИ ДИРЕКТОР ВО БРИТАНСКОТО МНРБританската дипломатка Карен Пирс се сретна со лидерите на политичките партии, СДСМ, Беса, ДУИ и Алијансата за Албанците, кои го сочинуваат новото новото парламентарно мнозинство, со претседателот на Собранието Талат Џафери, како и со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. (Фото: СДК.МК)

    Нова влада да се формира што поскоро, да се почитуваат демократските процеси и да се соработува со опозицијата е пораката на Карен Пирс, политички директор во британското Министерство за надворешни работи.

    „Не е работа на Велика Британија да кажува каква ќе биде Владата на Македонија, но тука сум затоа што ја поддржуваме демократијата во Македонија, ги почитуваме граѓаните на Македонија и ја поддржуваме интеграцијата на Македонија во НAТО и ЕУ. Ние очекуваме од сите политичари и пратеници на Македонија да ги следат демократските процеси“,  изјави Карен Пирс по средбата со лидерите на парламентарните партии.

    Лидерот на СДСМ Зоран Заев по средбата со Пирс во име на парламентарното мнозинство рече дека е оптимист дека претседателот Ѓорге Иванов набргу ќе му го додели мандатот за формирање на влада.

    Британската дипломатка Пирс се сретна со лидерите на политичките партии, СДСМ, Беса, ДУИ и Алијансата за Албанците, кои го сочинуваат новото новото парламентарно мнозинство, со претседателот на Собранието Талат Џафери, како и со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

    Средбата на Пирс со лидерите на партиите кои го сочинуваат новото парламентарно мнозинство е прва со некој висок странски функционер во Македонија по изборот на новиот собраниски спикер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира