НОВАТА ВЛАДА ЌЕ СОЗДАДЕ УСЛОВИ ЗА ФУНКЦИОНАЛНА ДРЖАВА, ВЕЛИ СПИКЕРОТ ТАЛАТ ЏАФЕРИ

    НОВАТА ВЛАДА ЌЕ СОЗДАДЕ УСЛОВИ ЗА ФУНКЦИОНАЛНА ДРЖАВА, ВЕЛИ СПИКЕРОТ ТАЛАТ ЏАФЕРИКонференцијата е организирана од граѓанската организација МОСТ на тема „Вклучени граѓани за одговорно и транспарентно Собрание“. (Фото: СДК.МК)

    Со изборот на нова влада ќе се создадат услови за почеток на враќањето на функционална држава и самостојни институции, рече претседателот на Собранието Талат Џафери на денешната конференција „Вклучени граѓани за одговорно и транспарентно Собрание“.

    „Нема да ги споменувам неодамнешните насилнички и крвави настани кои се случија во Собранието, а уште помалку сакам да некого да обвинувам или да судам. Треба еднаш да научиме дека имаме институции кои се должни такви настани да не дозволат веќе да се случуваат. Имаме и институции кои ако такво насилство се случи треба да истражат, а оние кои се огрешиле од законот да бидат изнесени пред судовите кои единствено се меродавни кои било од нас да го прогласат за виновен или да го ослободат од вина“, рече спикерот Џафери.

    Претседателот на Собранието Џафери рече дека при функционирањето на парламентаризмот и Собранието, еден од основните проблеми е односот меѓу мнозинството и опозицијата.
    „Во изминатиов период мнозинството секогаш на опозицијата гледало како на политички противник кој треба да се победи, а на моменти и политички да се елиминира. Притоа не мислам дека на опозицијата треба да се гледа како декор кој дава легитимитет на Парламентот, туку да им активна улога во сите процеси кои се одвиваат во Собранието. Опозицијата треба да биде свесна дека парламентарното мнозинство треба да ја спроведе и реализира својата програма бидејќи народот врз основа на таа програма му дал доверба да ја води државата“, рече Џафери.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира