ОБРАЗОВНИОТ СИСТЕМ ТРЕБА ДА Е ПО ДИМЕНЗИЈА НА БИЗНИСТИТЕ, ИЗЈАВИ ДИРЕКТОРОТ НА АЛКАЛОИД ЖИВКО МУКАЕТОВ НА САМИТОТ ВО ТРСТ

    ОБРАЗОВНИОТ СИСТЕМ ТРЕБА ДА Е ПО ДИМЕНЗИЈА НА БИЗНИСТИТЕ, ИЗЈАВИ ДИРЕКТОРОТ НА АЛКАЛОИД ЖИВКО МУКАЕТОВ НА САМИТОТ ВО ТРСТМукаетов во Трст ги покани присутните на претстојниот „Самит 100 на бизнис лидери од Југоисточна Европа“ кој на 16-ти и 17-ти октомври ќе се одржува во Скопје

    Во земјите од Западен Балкан да се унифицира и поедностави системот за мобилност на работната сила по примерот на скандинавските земји, за да се дестимулира одлевањето на квалитетни кадри од регионот, изјави Живко Муакетов, генерален директор и претседател на управниот одбор на „Алкалоид АД Скопје“, на панел дискусијата „Регионална економска област на Западен Балкан – патоказ кон членството во ЕУ“, што се оддржа во рамки на 4-тиот Самит за Западен Балкан во италијански град Трст.

    Според него многу е важно едукативниот систем да се димензионира според потребите на бизнисите, за да се намали дискрепанцата во понудата и побарувачката на некои струки, односно да има повеќе инженерски кадри кои во моментов се дефицитарни, а да се намали бројот на кадрите по општествени науки, кои се суфицитарни.

    За овие и слични теми, Мукаетов ги покани присутните на претстојниот „Самит 100 на бизнис лидери од Југоисточна Европа“ кој на 16-ти и 17-ти октомври ќе се одржува во Скопје.

    На панел дискусијата присуствуваа претсавници од компании од Словенија, Хрватска, БиХ, Црна Гора, Косово, Албанија и Србија, а Мукаетов присутните ги покани на претстојниот „Самит 100 на бизнис лидери од Југоисточна Европа“ кој на 16-ти и 17-ти октомври ќе се одржи во Скопје.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари