ОБВИНИТЕЛЕН ПРЕДЛОГ ЗА УЧЕСТВО ВО ТОЛПА ЗА ДЕВЕТМИНА ОД НАПАЃАЧИТЕ ВО СОБРАНИЕТО, САМО ДВАЈЦА ОСТАНУВААТ ВО ПРИТВОР

    ОБВИНИТЕЛЕН ПРЕДЛОГ ЗА УЧЕСТВО ВО ТОЛПА ЗА ДЕВЕТМИНА ОД НАПАЃАЧИТЕ ВО СОБРАНИЕТО, САМО ДВАЈЦА ОСТАНУВААТ ВО ПРИТВОРДоколку дополнително се најдат нови докази, можно е да се направи преквалификација на кривичното дело, веалт од ОЈО. - Од нападот во Собранието на 27 април (Фото: СДК.МК)

    Основното јавно обвинителство (ОЈО) денеска поднесе обвинителен предлог против деветмина учесници во нападот во Собранието на 27 април, соопшти Јавното обвинителство на Марко Зврлевски. Обвинетите се товарат дека сториле кривично дело – Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие.

    Од ОЈО велат дека за две од лицата за кои е поднесен обвинителниот предлог е предложено продолжување на мерката притвор, а за едно лице кое досега беше во притвор предложено е определување на мерка куќен притвор.

    ОЈО за три лица лица, за кои МВР поднесе кривична пријава, донесе решение за отфрлање на кривичната пријава. Исто така, од ОЈО велат дека е можно да се изврши преквалификација на кривичното дело во текот на целата постапка, ако се пронајдат дополнителни докази.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира